Slide 1

Новитети

Преку ID.Life, Volkswagen најавува електричен автомобил со цени од 20.000 евра

Slide 1

Продукцискиот модел ќе чини помеѓу 20.000 и 25.000 евра. Клучот за постигнувањето на овој ценовен праг е адаптирањето на MEB платфoрмата. Иако не беше споменато, веројатно е дека ID.Life ќе има поевтини батерии направени од литиум-железо-фосфат (LiFePo4).

07/09/2021

“Адаптирањето на MEB платформата беше клучот за ниските цени” – изјави Ралф Брандстетер, директор на Volkswagen

Според најавите на Volkswagen, концептот ID. Life е најава за практичeн електричен модел базиран на MEB платформата. 

ID. Life беше претставен на IAA во Минхен, а според планот на производителот, продажбата на овој модел треба да започне во 2025 година.

Продукцискиот модел ќе користи адаптирана MEB платофрма, со безмалку 30 сантиметри покусо меѓуоскино растојание, во споредба со ID.3.

“ID. Life ги илустраира нашите клучни предности при електрификацијата, софтверот, интеграцијата, квалитеот и премиум чувството” – изјави директорот на VW, Ралф Брандстетер за време на презентацијата. 

Volkswagen ID.LIFE concept car
Volkswagen ID.LIFE concept car
Volkswagen ID.LIFE concept car
Volkswagen ID.LIFE concept car
IAA MOBILITY 2021 – Volkswagen press conference
Volkswagen ID.LIFE concept car

Volkswagen ID.LIFE concept car
Volkswagen ID.LIFE concept car
Volkswagen ID.LIFE concept car
Volkswagen ID.LIFE concept car
IAA MOBILITY 2021 – Volkswagen press conference
Volkswagen ID.LIFE concept car
previous arrow
next arrow

Продукцискиот модел ќе чини помеѓу 20.000 и 25.000 евра. Клучот за постигнувањето на овој ценовен праг е адаптирањето на MEB платофрмата. Иако не беше споменато, веројатно е дека ID. Life ќе има поевтини батерии направени од литиум-железо-фосфат (LiFePo4).

Покусата платформа ќе биде основа за производство на електрични модели и на сестринските брендови Skoda и Seat, а сите ќе се произведуваат во Шпанија, каде Volkswagen Group планира да го лоцира и производството на батерии, по субенвциите кои ги доби од Владата на Шпанија. 

ID. Live не е единственото мало електрично возило кое групацијата VW планира да го лансира. Веќе го најавивме планот за лансирање на мали електрични модели на групацијата: ID.1 и ID.2 треба да бидат лансирани по 2025 (можно е концептот ID. Life да еволуира во еден од тие два модела), по што ќе следат Skoda Elroq и неодамна презентираниот Cupra UrbanRebel.

Според производителот, ID. Life би требало а има 57kWh батерија и 400 километри автономија.

Електромоторот ќе биде преместен напред, со што ID.Life ќе биде прв електричен автомобил на MEB платформата, кој има преден погон.

Сепак, за да ја постигне цената од 20.000 евра, потребни се дополнителни компромиси. Дел од нив се однесуваат на инфотејнмент екранот, кој комплетно е изоставен, а неговата функција би требало да ја извршува мобилниот телефон на сопственикот. 

Од друга страна, најавени се LED Matrix светла, head-up дисплеј и камери кои ги заменуваат ретровизорите.

И повторно, не може да не се спомене влијанието на Tesla: воланот кој беше претставен кај концептот е во безмалку идентичната контроверзна форма, која веќе дебитираше кај новата генерација на Model S.

Повеќе содржини за Volkswagen:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental