Slide

Новитети

Преку концептот Inception, Peugeot го покажа дизајнерскиот правец на брендот во електричната ера

Slide

Седанот кој ќе се базира на концептот ќе има 800 километри автономија со едно полнење на батеријата, растојание кое според Peugeot, е доволно да ве одведе од Париз до Марсеј, или пак, од Брисел до Берлин.

09/01/2023

Според францускиот производител, Inception воведува “поедноставен и порафиниран дизајнерски правец” кој ќе се применува на моделите кои ќе бидат лансирани по 2025 година.

Ова значи дека концептот ќе го трасира дизајнот на следната генерација на електрични модели лансирани од Peugeot.

Големиот седан ќе биде поставен на STLA Large платформата на Stellantis, платформа која подолго време е најавувана, но сѐ уште сме во очекување да биде подготвена за лансирање. 

Седанот кој ќе се базира на концептот ќе има 800 километри автономија со едно полнење на батеријата, растојание кое според Peugeot, е доволно да ве одведе од Париз до Марсеј, или пак, од Брисел до Берлин.

Батеријата е со капацитет од 100 kW, а два електрични мотори со вкупна сила од 680 hp ќе ги придвижуваат двете оски. Седанот ќе забрзува од 0-100 km/h за помалку од три секунди.

STLA Large платформата е една од трите најавени од страна на групацијата Stellantis, во чија сопственост е и Peugeot и првично беше најавена дека ќе биде наменета за поголеми модели од брендовите Alfa Romeo, Chrysler, Dodge и Jeep.

Inception е предвидено да користи 800-волтна технологија за полнење, како и можност за индукциско безжично полнење.

Според Peugeot, една минута ќе биде доволна за батеријата да се дополни за нови 30 километри, или дополнителни 150 километри растојание ќе може да се поминат по само 5 минути полнење.

Во однос на дизајнот, како што спомнавме, Peugeot најавува поедноставен и порафиниран изглед на своите електрични модели. Инаку, производителот веќе има најавено дека до 2030 година ќе се трансформира во производител кој ќе произведува само електрични модели.

Доколку концептот во некоја форма стигне до продукциската фаза, со неговите 5000 милиметри должина ќе биде најдолгиот автомобил произведен од страна на Peugeot.

Ентериерот на Inception доминира i-Cockpit филозофијата, со мал ниско поставен волан, кој како и кај денешните модели на Peugeot, не го блокира погледот до инструмент таблата.

Она што е клучно од функционалностите е 4-тото ниво на автономија за кое се планира моделот да биде подготвен штом биде лансиран како продукциски модел. Тоа значи дека ќе може да биде управуван од страна на софтвер без потреба од внимание од страна на возачот во најголем дел од возењето.

Довербата во софтверот кај автомобилите кои ќе бидат класифицирани со 4-тото ниво на автономија се илустрира и кај Inception, бидејќи штом компјутерот ја презеде контролата над возилото, целиот волан се вовлекува внатре во инструмент таблата.

Според извршната директорка на Peugeot, Линда Џексон, ова технологија се очекува да се вградува во моделите на брендот во 2026 година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа