Slide 1

Стории

Учеството на Porsche Road Tour е “влезен билет” за секој кој сака да вози 911 GT3 на Нирбургринг или Монца

Slide 1

Оваа година Porsche Road Tour се одржа на крајот на август на релација Скопје-Гевгелија-Скопје. И покрај присуството на култниот 911 Turbo S, главните ѕвезди помеѓу 10-те модели беа двата електричнни Taycan 4S и ултра-брзиот Taycan Turbo S.

13/09/2021

Купувањето на нов автомобил е процес кој е прилично предефиниран. Потенцијалните купувачи прво разгледуваат онлајн, прават потесен избор на производител и модел, посетуваат неколку автомобилски салони, прават кусо тест-возење и онаму каде што ќе се софпаднат моделот, цената и залихата, односно рокот на испорака, го купуваат автомобилот. 

Потоа, најчесто еднаш до два пати во годината сопственикот го посетува сервисот, на што се сведува неговата релација и комуникација со продавачот. 

Но, за купувачите на автомобили од премиум сегментот, оваа релација со продавачот излгеда сосема поинаку.

Во овој сегмент, разликите во вниманието кое се посветува на купувачот се видливи уште пред купувањето на возилото, но тоа внимание продолжува и по продажбата, бидејќи премиум производителите се трудат да одржуваат блиски релации со своите клиенти.

Овие релации имаат различни форми, но една од нив се тематските настани кои ги организираат премиум производителите, а на кои ги кани своите тековни и потенцијални клиенти.

Во случајот со Porsche, производителот за своите клиенти во Европа огранизира три типа на такви тематски настани. “Travel Experience” се настани кои траат по 5 до 7 дена и подразбираат комплетен аранжман со сместување во хотели со 5 ѕвезди. Настаните, секако, вклучуваат возење на тековната гама на производителот низ претходно дефинирани рути, кои се внимателно избрани од страна на огранизаторот. Ваквите настани се можност за зближување и остварување на директен контакт со клиентите.

Вториот тип на настани е брендиран како “Ice Experinece”. Како што самото име кажува, се работи за возење во арктички услови, кое во последните седум години се одржува во местото Леви во Финска. 

Третиот тип на настани се “Track Experience” настаните, кои за учесниците овозможуваат возење на најбрзите спортски автомобили на некоја од познатите тркачки патеки, како што се Нирбургринг, Спа Франкошамп, Монца, Пол Рикар и Силверстон.

Ваквите настани се организираат повеќе пати во текот на годината и интересно е што може да се пријави секој, не само сопствениците на Porsche. За соодветен надомест, кој варира помеѓу илјада и дваесет илјади евра, yчесниците добиваат незаборавно искуство кое подразбира возење на некој од култните модели на Porsche на свиоците на Нирбургринг, на пример.

Освен овие три типа на настани, постои уште еден тип кој се нарекува “Porsche Road Tour”. За разлика од претходните, овој настан е во организација на маркетинг тимовите во Porsche, a најчесто се одвива еднаш во годината. Со учеството на ваков настан се добива сертификат кој претставува одредена форма на “влезен билет” за учество на некој од “Track Experience” настаните.

Porsche Road Tour претставува еднодневно возење на целата гама на тековните модели на брендот. Овој настан се повторува неколку дена во серија, при што повеќе од 40-тина клиенти на Porsche имаат можност да ги испробаат најновите изведби на популарните модели на брендот. 

За учеството на вакви настани потребна е специјална покана од претставниците на брендот. 

Иако не сме на списокот на купувачи на Porsche, сепак, како дел од автомобилските медиуми, редовно присуствуваме на Road Tour настаните за да ги пренесеме нашите впечатоци на публиката.

1920-IMG_8838
1920-IMG_8827
1920-IMG_8849
1920-IMG_8865
1920-IMG_8875
1920-IMG_8899

1920-IMG_8838
1920-IMG_8827
1920-IMG_8849
1920-IMG_8865
1920-IMG_8875
1920-IMG_8899
previous arrow
next arrow

Оваа година Porsche Road Tour се одржа на крајот на август, на релација Скопје-Гевгелија-Скопје. И покрај присуството на култниот 911 Turbo S, главните ѕвезди помеѓу 10-те модели беа двата електричнни Taycan 4S и ултра-брзиот Taycan Turbo S. 

Повеќе пати сме имале прилика да седнеме зад воланот на 911 Turbo S, но по 30-минутното возење на Taycan Turbo S, впечатокот е дека ова електрично возило не може да се споредува со ниту едно друго кое има мотор со внатрешно согорување, дури и кога тој има сила од 800 Њутн метри, како во случајот со 911-ката.

“Неправедна” е споредбата на 800-те Nm на 911 Turbo S, сила која е достапна во распон од 2.500 до 4.000 вртежи во минута, со 1.050-те Nm на Taycan, кои се достапни уште при нула вртежи во минута.

Освен двата Taycan модели и 911 Turbo S, имавме прилика да возиме 911 Carrera 4S, 718 Cayman S и 718 Boxster S, Panamera 4S E-Hybrid, Panamera Turbo S E-Hybrid Sport Turismo, Cayenne GTS и Cayenne GTS Coupe, а за време на настанот направивме и кусо интервју со инструкторот Пол Робинсон, со кого разговаравме за ваквите настани, нивната организација и очекувањата на купувачите:

Колку пати во годината огранизирате вакви настани и во кои земји:

Ние сме дел од “Porsche Central and Eastern Europe” регионот, кој се состои од 26 земји. Во сите нив го нудиме “Road Tour” концептот. Организираме околу 15-тина вакви настани во текот на една година. 

Секој Road Tour може да трае од 4 дена, па се до осум или десет дена, во зависност од големината на земјата. Имаме вкупно 30 автомобили во возниот парк, кои се наменети за овие настани. Тука во моментов имаме 12 автомобили, а уште толку во моментов се наоѓаат во Белорусија каде истовремено се одржува сличен Road Tour. Исто така, имаме и GT изведби, кои не ги користиме за Road Tour туку исклучиво за настаните кои се одржуваат на тракачки патеки.

Може ли да ни објасните која е разликата помеѓу Travel, Ice и Track Experience настаните, со овој кој се одржува денес?

Трите главни клиентски настани кои ги споменавте, се настани на кои учесниците плаќаат за учество. Во однос на Travel Experience, се работи за настани во траење од една седмица, при што учесниците имаат можност да ги возат моделите на Porsche во претходно детерминирани рути во конвој, при што комплетниот аранжман е луксузен. 

Ова што сега се случува е еднодневен настан, по исклучок и дводневен, што претставува тизер, можност да се проба секое возило кое го имаме на располагање.

Значи, ова не е настан за кој клиентите плаќаат?

Tочно. Ова е маркетинг настан, буџетиран од страна на Porsche Central Eastern Europe, со што се овозможува и на помалите пазари да имаат дури 12 автомобили во нивен посед за време на настанот заедно со двајца инструктори.

Дали клиентите од Македонија може да резервираат учсество во некој од Track Experience или Travel Experience?

Да, може да резервираат и директно, онлајн. На сајтот на Porsche, во секој момент има два активни зимски настани. Резервирањето може да се направи директно или преку локалниот импортер, кој може да овозможи и дополнителни информации.

Во однос Track Experience, забележавме дека има различни тематски поделби на настаните. Еден од нив, “Learn from the best” беше најскапиот кој го забележавме на сајтот.

“Track Experience” настаните се поставени хиерарсхиски на неколку различни нивоа. До неодамна овие нивоа се именуваа со Precision, Performance, Master и Master RS, а сега се именуваат како Track Level 1, 2, 3, или 4. Идејата за ваквата класификација е клиентот преку редоследно учество во нив да добие дополнително знаење и вештини.

Овој систем е поставен хиерархиски, па затоа мора да започнете од долните нивоа, кои најпрво мора да ги поминете. Врвниот настан е “Race Experience”, преку кој може да возите тркачки возила на “Road To Le Mans”, во координација со Manthey Racing – официјалниот тим на Porsche. 

Значи, клиентот, може да започне преку ваков настан како што е денешниот, и да стигне до ултимативниот “Road To Le Mannes”. Секако, ова чини многу, но сепак, е само можност која им ја нудиме на нашите клиенти.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental