Slide 1

Новитети

Преку Taycan GTS Sport Turismo, Porsche претстави трета каросериска изведба на електричниот модел

Slide 1

За Taycan GTS како опција е овозможена функцијата Sunshine Control - фолија од течни кристали аплицирана на кровот, а која преку притискање на копче може да го промени сончевиот покрив од транспарентен во мат.

19/11/2021

За време на LA Auto Show, Porsche не претстави само GTS и нов мотор за Taycan, компанијата со седиште во Штутгарт откри и комплетно нова каросериска изведба.

“Gran Turismo Sport” односно GTS, е акроним кој е поставуван на специјални изведби од Цуфенхаузен уште од 1963 година, започнувајќи со 904 Carrera GTS. Отсега Taycan ќе биде првиот електричен модел кој ќе ја носи овој легендарен акроним, кој ќе го позиционира помеѓу Taycan 4S и Taycan Turbo.

Porsche вгради батерија со капацитет од 93.4 kWh во Taycan GTS, што ќе овозможи за првпат овој седан да постигне автономија до 504 километри. Sport Turismo, пак, ќе има нешто покуса автономија.

Двата електрични мотори ги придвижуваат двете оски со сила од 517 hp, додека со “overboost” при активирање на Launch Control функцијата се добива сила од 598 hp. Максималниот вртежен момент е 850 Nm, a GTS забрзува од 0-100 km/h за 3.7 секунди.

Во однос на GTS Sport Turismo, тој ќе ги добие погонските верзии од Cross Turismo.

Производителот ја модификуваше адаптивната воздушна суспензија “Porsche Active Suspension Management” (PASM) за овој модел, исто како управувањето со тркалата на задната оска, кое ќе биде достапно како опција. 

GTS се карактеризира со неколку темни детали на праговите, ретровизорите и страничните лајсни.

За Taycan GTS со доплата е овозможена функцијата Sunshine Control – фолија од течни кристали аплицирана на кровот, а која преку притискање на копче може да го промени сончевиот покрив од транспарентен во мат. Целта е да се намали отсјајот, а во исто време да се овозможи доволен продор на светлина во кабината. Сите девет сегменти на кровот може да се адаптираат поединечно, а од производителот веќе се креирани неколку предефинирани сетинзи.

Визуелно, GTS има црни или темни елементи, на пример кај предниот панел, на страничните лајсни кај прозорите, на надворешниот ретровизор и на дифузерот. Kaj Sport Turismo, дизајнерите на Porsche употребиле офроуд елементи од Cross Turismo. 

Сè на сè, и кај оваа трета каросериска изведба на моделот се задржува истата силуета, но е  малку понизок споредено со останатите (1.409мм до 1.381мм).

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental