Slide

Новитети

Премиера: Born е првата електрична Cupra, доаѓа со автономија до 540 км

Slide

25/05/2021

Cupra денеска ги објави сите детали за Born, уште еден самостоен модел на шпанскиот перформанс бренд, но и првиот со електричен погон на марката со логото во бакарна боја.

Поставен на MEB платформата и со слични техничко-технолошки предиспозиции како групацискиот пионер Volkswagen ID.3, но дизајнерите на Cupra се погрижија за специфичен настап на Born, кој делува самоуверено и подинамично од ривалите во својата класа.

Купувачите ќе имаат повеќе опции во однос на изборот на моќноста и автономијата, па Cupra Born може да се добие со електричен погон со 150 коњски сили и 204 коњски сили, а со перформанс пакетот и E-Boost опцијата се стигнува до 231 коњска сила и вртежен момент од 310 Nm.

Достапни се повеќе батерии, со капацитет од 45 до 77 kWh, при што кај најголемата се обезбедува автономија до 540 километри.

Електричниот Born има 50:50 дистрибуција на тежината, мулти-линк потпирање на задната оска, како и спортско мапирање на системот за стабилизација и суспензијата, за да се добие очекуваното подинамично управување од една Cupra.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

 

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели