Slide 1
Slide 1

Новитети

Премиера: Kia ја претстави петтата генерација на Sportage

Slide 1
Slide 1

08/06/2021

Kia официјално ги претстави фотографиите и дел од деталите за новата, петта генерација на својата гордост Sportage. Овој SUV модел ќе предизвикува со својот специфичен дизајн, но и квалитетните техничко-технолошки решенија кои се направени од страна на корејскиот производител.

Дизајнот инспириран од новата филозофија на брендот го продолжува трендот започнат со електричниот EV6, па новиот Sportage лесно ќе биде разликуван од конкуренцијата, претставувајќи се себеси во едно уникатно издание потпишано од дизајнерот Карим Хабиб и неговите соработници.

– Со новиот Sportage не сакавме само да одиме чекор понапред, туку да се придвижиме на друго ниво во SUV сегментот, – вели Хабиб.

Kia решила да ја истакне робустноста, но и динамичноста на Sportage, без разлика од кој агол се гледа на новиот автомобил, а овој автомобил добива предни светла во бумеранг форма, како и широка и впечатлива маска која се протега по целиот преден дел.

На задниот дел Sportage добива интересна форма на светлата кои се поврзани со хоризонтална лента, а свој удел на впечатливата силуета има и задниот спојлер.

Посебно истакнати се промените во кокпитот, каде производителот најавува „апмаркет“ квалитети, вклучувајќи го изборот на материјали, но и заоблената форма на дигиталната инструмент табла и централниот екран.

Корејците најавија дека подготвиле специјален сет-ап за Sportage за европските пазари, но барем засега нема повеќе детали за достапните мотори во автомобилот кој ќе треба да ја продолжи успешната традиција на моделот и во овој регион.

Повеќе содржини за Kia:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“