Новитети
Премиера на Audi e-tron GT: Гран туризмо модел на иднината кој доби и помоќна RS изведба
Audi веќе има модерни електрични автомобили во својата понуда, но од денеска e-tron семејството официјално е проширено со e-tron GT и неговата помоќна RS изведба.
Моќниот гран туризмо модел, на електричен погон, ќе биде нов голем ривал на Model S, но и на групацискиот роднина Porsche Taycan, а вечерашната дигитална премиера најави навистина атрактивен автомобил, кој ќе биде посебно интересен за купувачите кои сакаат врвни перформанси и во новиот еволутивен чекор на мобилноста.
Audi e-tron GT ќе располага со два електо-мотора, по еден на двете оски, а вкупната моќност ќе достигнува 476 коњски сили, односно до 530 коњски сили со користење на „ланч контрол“.
Кај помоќната RS e-tron GT моќноста е 598 коњски сили, додека овербуст моќноста достигнува 646 кс.
Забрзувањето до 100 км/ч трае 4,1 кај e-tron GT и само 3,3 секунди кај RS e-tron GT.
Автономијата со едно полнење ќе изнесува од 488 до 472 километри, а од Audi велат дека моќноста оди заедно со комфорот во кабината, во која посебно ќе се уверат и патниците на задната клупа.
Audi за двете изведби ќе го користи 800V системот за полнење познат од Taycan, што значи дека може да добие автономија за 100 километри за само 5 минути полнење на брз полнач.
Позиционираноста на батерија на подот овозможува речиси идеална дистрибуција на тежината на двете оски, а Audi најави и иновативен quattro концепт, како и врвна аеродинамичност за e-tron GT.
Во кабината очекувано е поставен 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 10,1-инчен централен екран со MMI инфо-забавниот систем, преку кој се достапни сите премиум опции, како што и се очекува од ваков автомобил.
Повеќе содржини за Audi: