Slide 1
Slide 1

Новитети

Премиера на четвртата генерација: Најпросторна и најзрела Škoda Fabia досега

Slide 1
Slide 1

04/05/2021

Škoda вечерва ја претстави четвртата генерација на моделот Fabia, а на дигиталната премиера беа потенцирани главните адути и карактеристиките со кои супкомпактот на чешкиот бренд ќе им задава многу грижи на ривалите.

Трансферот на модуларната MQB-AO платформа значи дека Fabia ќе овозможи повеќе простор и комфор за патниците во кабината, поголем багажник, како и имплементација на нови технологии и безбедносни системи.

Новата Fabia порасна во должина за 111 милиметри, ќе биде поширока за 41 милиметар, а истовремено добива и поголемо меѓуоскино растојание, кое е потврда за поголемиот простор на задната клупа.

Дизајнерските промени се забележливи на предните потенки светла кои ќе користат исклучиво LED технологија, а на предниот дел се променети и маската и браникот, со што Škoda успеала да ја одржи еволуцијата, но се свеж и трендовски пристап.

Багажникот порасна за цели 50 литри и отсега во Fabia може да се складираат 380 литри, бројка која често се сретнува и во една класа погоре.

Еволуцијата е реалност и во внатрешноста, производителот најави поквалитетна изработка на сите површини, повеќе опции за персонализација, како и поголем избор на централни екрани, кои започнуваат со 6.2-инчен, а завршуваат со 9-инчен екран. Кај Fabia ќе биде достапна и 10,25-инчната дигитална инструмент табла позната од други модели од истата групација.

Четвртата генерација на Fabia ќе понуди MPI и TSI бензински мотори, понудата на атмосферците со три цилиндри подразбира моќност од 65 и 80 коњски сили, додека турбо-бензинците започнуваат со 95 и завршуваат со најмоќната варијација со 150 коњски сили.

Повеќе содржини за Škoda:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови