Skip to content

Вести

Премиера на денот: Четвртата генерација на Škoda Octavia дебитира во Прага

Годинава, Octavia го прославува својот 60-ти роденден, а премиерата на четвртата генерација од нејзината модерна ера е најдобар начин да се прослави јубилејот на еден од најпродаваните автомобили во Европа

11/11/2019

Прага вечерва ќе биде во центарот на вниманието на авто-индустријата, откако од 19 часот, во главниот чешки град ќе започне официјалната премиера на Škoda Octavia.

Се работи за четвртата генерација на бестселерот на чешкиот бренд и автомобилот од кого се очекува многу и во најновото издание кое доаѓа со многу иновативни технологии и новитети во однос на погонските единици.

Годинава, Octavia го прославува својот 60-ти роденден, а премиерата на четвртата генерација од нејзината модерна ера е најдобар начин да се прослави јубилејот на еден од најпродаваните автомобили во Европа.

Škoda ја најави новата Octavia со првите детали во однос на адутите со кои ќе ги освојува купувачите, а таа ќе биде подолга (4.689 мм), поширока (1.829 мм) и со поголем багажник од својот претходник. Патниците на задната клупа ќе профитираат од поголемото меѓуоскино растојание (2.686 мм) со поголем простор за нозете за 78 милиметри, а капацитетот на багажникот стигнува до фантастични 600 литри и дури 640 литри кај Octavia Combi.

Дигитализацијата е позитивен тренд кој отсега сериозно ќе се чувствува и во кок-питот на Škoda Octavia, a чешкиот производител подготви концепт со два 10-инчни екрана, како и деби на хед-ап проекција за возачите кои ќе сакаат да ги добиваат најважните информации пред себе.

Безбедносните системи нема да недостасуваат кај овој нов автомобил, списокот на понудени опции уште во сериската опрема ќе биде долг, а меѓу оние кои производителот ги истакнува се иновативните новитети како асистенцијата за управувачот при детектирана потреба од брз маневар за избегнување судир со друго возило, велосипедист или пешак. Тука е и системот кој го предупредува возачот доколку наближува велосипедист или возило одназад во моментите кога сака да ја отвори вратата.

Посебно освежување е подготвено во однос на погонските единици, а во понудата на Škoda Octavia ќе дебитира и технологијата на благ хибрид со 48V стартер-генератор и 48V батерија, а дополнително ќе биде понудена и плаг-ин хибрид изведба.

TSI бензинските мотори со 110 и 150 коњски сили и 7-степена DSG трансмисија ќе функционираат како благ хибрид, а во понудата ќе биде и најмоќниот 2.0-литарски мотор со 190 коњски сили и погон на четири тркала. Дизел изведбите доаѓаат со намалување на NOx емисијата за 80 проценти, а распонот на моќност се движи меѓу 115 и 200 коњски сили.

Octavia ќе добие iV изведба, односно ќе биде достапна и во две плаг-ин хибрид варијации, со 204, односно 245 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend