Slider

Новитети

Премиера на Ford Puma ST: Спортски кросовер со потписот на Ford Performance

Slider

За таа да биде уште подобра, ќе се погрижи изведбата Puma ST, која денеска е претставена со сите детали од страна на производителот и станува прв европски модел на Ford, кој добива специјално подготвена спортска изведба со наставката ST

24/09/2020

Ford не ги крие големите амбиции за својот нов кросовер Puma, а почетните месеци од продажбата покажуваат дека големите очекувања имаат своја цврста основа.

За таа да биде уште подобра, ќе се погрижи изведбата Puma ST, која денеска е претставена со сите детали од страна на производителот и станува прв европски модел на Ford, кој добива специјално подготвена спортска изведба со наставката ST.

Во однос на дизајнот, Puma ST разбирливо добива спортски израз со променетите браници, сплитерот на предниот и големиот спојлер на задниот дел, а поставен е дифузер и на браникот на задниот дел. Стандардни ќе бидат 19-инчни тркала, а купувачите имаат избор меѓу шест бои на каросеријата.

Во кокпитот, на менито се Recaro спортски седишта, ST ознаки, како и 8-инчен екран преку кој се управува со функциите на SYNC 3 инфо-забавниот систем. Возачот и патниците нема да имаат проблем ниту за патувањата со повеќе торби, откако почетниот капацитет на багажникот е 456 литри.

Потписот на Ford Performance одделот му дава посебно значење на автомобилот, а перформансите на Puma ST ќе бидат интересен предизвик за големиот број купувачи во овој сегмент.

Погонската единица како важен елемент е составена од 1.5-литарски EcoBoost мотор со 200 коњски сили (PS) и максимален вртежен момент од 320 Nm, a забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 6,7 секунди.

Моторот не користи mild hybrid технологија, но затоа доаѓа со деактивација на еден од трите цилиндри по потреба, нешто што софтверот може да го направи за 14 милисекунди.

Инженерите од Ford Performance посебно внимание посветиле и на модификациите на шасијата, суспензијата и управувањето, па најавуваат за 25 проценти подобра реакција на воланот во однос на класичната Puma.

Ford Puma ST ќе биде и единствениот модел во класата кој како опција добива диференцијал со ограничено пролизгување, a зголемена е и торзиската крутост на задната оска. Меѓу новитетите во однос на ST моделите на Ford е и еко режимот на возење кој е воведен за користење при употребата на автомобилот во градските гужви.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider