Новитети

Премиера на новиот Escalade: Технолошки напреден џин со 38-инчен OLED екран

Escalade пристигна во Холивуд во неделата на Оскарите и ги воодушеви присутните кои се уверија во еволуцијата, но и технолошкиот напредок за неколку чекори на новото издание на овој престижен автомобил

05/02/2020

Еден од моделите со кои најлесно може да се објаснат приоритетите на американските купувачи е легендарниот Cadillac Escalade, a токму овој луксузен SUV ја доби својата нова генерација која е претставена на посебна свеченост во Лос Анџелес.

Escalade пристигна во Холивуд во неделата на Оскарите и ги воодушеви присутните кои се уверија во еволуцијата, но и технолошкиот напредок за неколку чекори на новото издание на овој престижен автомобил.

Големата маска на предниот дел и внимателно дизајнираната форма на LED светлата му ја даваат посакуваната свежина на Escalade, но немаат негативно влијание врз робустноста која е заштитен знак на овој Cadillac и елемент од кој производителот никогаш не би се откажал.

Американските купувачи ја имаат привилегијата да дојдат до овој модел, а покрај стандардните 22-инчни тркала, сега ќе им биде достапен и 3.0-литарски дизел мотор со 277 коњски сили со 10-степена автоматска трансмисија. Јасно е дека поголемиот број фанови нема да размислуваат за економичност, па затоа ќе го изберат 6.2-литарскиот V8 бензинец со 420 коњски сили.

Луксузниот амбиент во кабината е надополнет со првиот OLED екран поставен во автомобил, поточно 38-инчниот екран кој фактички е составен од три дела кои ја креираат целината. Тоа се 7,2-инчен екран поставен лево од воланот, 16,9-инчна дигитална инструмент табла и 14,2-инчен екран на централната конзола. Производителот најави квалитет на екраните кој е двојно подобар во споредба со тој на 4K телевизор.

На списокот новитети се и навигација со виртуелна реалност, четири камери за следење на опкружувањето, 12,6-инчи екрани поставени пред патниците во вториот ред, како и уникатен аудио систем со 36 звучници, потпишан од врвниот бренд AKG. Зголемен е и просторот за патниците во третиот ред, а во таква конфигурација, Escalade има почетен капацитет на багажникот од 722 литри.

Новиот Escalade во својата понуда го има и интелигентниот круз-контрол, што подразбира полу-автономно управување, но за разлика од повеќето системи, возачот не мора да го допира воланот на одреден интервал, туку само да гледа на патот пред себе што е контролирано преку камера.

Германските премиум брендови Audi, BMW и Mercedes го откажаа учеството на Саемот во Њујорк? Тоа е одлична вест за Escalade, бидејќи неговата нова генерација ќе си добие уште поголемо внимание и медиумска покриеност кога ќе ја доживее саемската премиера на манифестацијата која годишно привлекува над еден милион посетители.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider