Новитети

Премиера на Volkswagen Caddy – Мултифункционален карактер со голем потенцијал

Новиот Caddy ќе ја користи платформата MQB, што значи дека е подготвен за интеграција на најновите технолошки достигнувања и ќе добие иновативни елементи како и бестселерот Golf

21/02/2020

Неограничените можности на мултифункционалниот Caddy се доволна причина за Volkswagen да му посвети сериозно внимание на својот ван, кој во новата, петта генерација ќе добие дополнителни квалитети кои се веќе реалност во гамата на германскиот бренд.

Новиот Caddy ќе ја користи платформата MQB, што значи дека е подготвен за интеграција на најновите технолошки достигнувања и ќе добие иновативни елементи како и бестселерот Golf.

Не помалку значаен е и фактот што новата платформа носи поголем простор во кабината, Caddy Maxi изведбата е подготвена за транспорт на две евро-палети, а истовремено позитивно влијание се чувствува и во однос на слободата која ја имале дизајнерите за најхаризматичен Caddy досега.

Дигитализацијата во кок-питот е претставена преку опцијата за дигитална инструмент табла и централен екран со дијаметар од 6,5 до 10 инчи, редизајниран е изгледот на останатите класични команди, додека идентично како и кај новиот Golf, ротирачката команда за светлата е заменета со дигитален панел.

Германците сметаат дека е посебно важно што VW Caddy добил многу повеќе безбедносни и возачки системи, а посебен комплимент за него е и Travel Assist опцијата, која подразбира полу-автономно возење на брзини до 210 км/ч. Практична надградба е и системот Trailer Assist кој е познат од Crafter и овозможува полесно маневрирање и движење наназад со приколка.

Во стилот на користење на најдоброто од производителот, новиот Caddy ќе ja добие и TDI технологијата со двојно дозирање со AdBlue, а турбо-дизел моторите ќе бидат достапни во распон меѓу 75 и 122 коњски сили. Купувачите ќе можат да се одлучат и за бензинската изведба со 115 коњски сили, а на одредени пазари ќе биде достапна и TGI изведбата која користи метан.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider