Slide

Новитети

Премиера: Nissan Qashqai добива подинамичен изглед и иновативен e-Power погон

Slide

18/02/2021

Третата генерација на Nissan Qashqai пристигнува на нова платформа, со електрифицирани погонски единици и интересен дизајн кој сигурно ќе привлече голем број фанови на и онака популарниот кросовер.

Премиерата на Qashqai ги потврдува големите амбиции на јапонскиот производител, а овој модел останува двигател на продажните резултати на Nissan во Европа.

Дизајнерите се решиле за уште повпечатлив V облик на маската на предниот дел со хромирана рамка, како и тенки светла со бумеранг форма, за вака конципираниот Qashqai да добие подинамичен, но и поробустен изглед.

Производителот најави подобрувања на карактеристиките во однос на аеродинамичноста, но и суспензијата, при што мулти-линк потпирањето на задната оска останува за купувачите на 4×4 изведбите.

Новиот Qashqai е 3,5 сантиметри подолг од својот претходник, што овозможува и 28 милиметри повеќе простор за колената на патниците на задната клупа, a Nissan најави 50 литри поголем капацитет од претходникот.

Кокпитот на Qashqai изгледа помодерно и трендовски, купувачите ќе добијат опција за 12,3-инчна дигитална инструмент табла, 10,8-инчна хед-ап проекција, како и 9-инчен централен екран кој е поврзан со инфо-забавен систем подготвен да соработува со најпопуларните интернет и стриминг сервиси.

Бензинските изведби на кросоверот ќе бидат понудени со 1.3-литарскиот мотор кој ќе соработува со стартер/генератор и 12V батерија, што изведбите со 138 и 156 коњски сили ќе ги претвори во благи хибриди.

Интересен за возачите може да биде e-Power концептот на хибрид, кој подразбира комбинација на 1.5-литарски бензинец и електро-мотор, но разликата е што бензинскиот агрегат се користи само за придвижување на електро-моторот и полнење на батеријата, односно неговата моќ се користи само индиректно.

Вкупната погонска моќ во оваа варијација на Qashqai изнесува 187 коњски сили и доаѓа со погон на предните тркала.

Повеќе содржини за SUV модели:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели