Slide 1

Новитети

Премиера: Peugeot 308 SW – Атрактивно спакувани семејни вредности

Slide 1

22/06/2021

Неколку месеци по премиерата на новата генерација на компактот 308, Peugeot реши да ја потсети јавноста за последниот ултра важен новитет, кој со својот дизајн не ги остави рамнодушни автомобилските фанови.

Најдобар начин за навраќање на компакт гордоста е претставување на неговата комби изведба, која очекувано ги дели сите квалитети со класичниот хечбек, но добива поинакви квалитети во вид на функционалност и практичност.

Силуетата на новиот Peugeot 308 SW одлично се вклопува во аеродинамичко-дизајнерскиот концепт на францускиот бренд, притоа задржувајќи ја посакуваната елеганција и привлечност од секој агол и гордо носејќи го новото лого, кое првпат е поставено токму на овој модел.

Меѓуоскиното растојание на 308 SW е подолго за 5,5 сантиметри во однос на хечбекот, што ветува дополнителен простор на задната клупа, додека во багажникот се добиваат респектабилни 608 литри.

Во ентериерот доминира најновата интерпретација на i-Cockpit, која вклучува дигитална инструмент табла и 10-инчен централен екран, како и малиот мулти-функционален волан и минимизиран број на физички команди.

Потврда за напредното технолошки ниво е и второто ниво на полу-автономно возење достапно и кај Peugeot 308 SW, а оваа комби изведба ќе биде достапна со бензински мотор со 110 и 130 коњски сили, дизел изведба со 130 коњски сили и првпат како плаг-ин хибрид со 180 или 225 кс.

Повеќе содржини за Peugeot:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla