Slide 1

Новитети

Премиера: Porsche Cayenne Turbo GT – Брутален SUV со 640 кс

Slide 1

30/06/2021

Porsche долго и темелно го подготвуваше SUV специјалетот наречен Cayenne Turbo GT, а од денеска и официјално ги претстави фотографиите и деталите за најмоќната изведба со класичен погон на бестселерот, чија основа е Cayenne Coupe Turbo варијацијата.

Инженерите на германскиот бренд добиле задача да продуцираат пожестока изведба и нов предизвик за пребирливите фанови на SUV моделите, a ќе се разликува од Turbo и GTS роднините и со голем број промени на екстериерот.

Специфичните преден и заден спојлер, употребата на јаглеродни влакна за повеќе елементи, дифузерите и концептот на двојниот издув одат во насока на подобрена аеродинамичност, но и возни својства на Cayenne Turbo GT, кој станува посебна гордост на Porsche.

За перформансите е задолжен ревидираниот 4.0-литарски V8 мотор на Porsche, кој испорачува 640 коњски сили и вртежен момент од 850 Nm, а со Sport Chrono пакетот спринтот до 100 км/ч трае само 3,3 секунди.

Луксузот и спортскита карактеристики се задржани и во кокпитот, а ова ќе биде и прв Cayenne кој ќе ја добие новата генерација на PCM инфо-забавниот систем на Porsche.

Повеќе содржини за Porsche:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla