Slide

Новитети

Премиера: Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron ќе бидат најдостапни електрични SUV модели на Audi

Slide

14/04/2021

Германски Audi од денес официјално го зголеми своето електрично e-tron семејство со премиерата на моделот Q4 e-tron и неговата Sportback изведба, кои ќе бидат достапни до крајот на годината.

Компактниот SUV на електричен погон е посебно важен за Audi, бидејќи Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron ќе бидат најдостапни електрични автомобили на германскиот бренд во моментов и за нив е најавен голем интерес меѓу актуелните и новите купувачи заинтересирани за електрификацијата.

4,59 метри долгите изведби на Q4 e-tron ќе овозможат доволно простор на задната клупа, што го покажува и меѓуоскиното растојание од 2,76 метри, додека багажникот ќе обезбеди капацитет од 520 литри.

Достапни ќе бидат три верзии во однос на моќноста и автономијата, почетната подразбира 170 коњски сили, по што следуваат Q4 e-tron/Sportback e-tron со 204 и 299 коњски сили.

Електричниот SUV на Audi ќе биде достапен со две батерии (нето 52 и 77 kWh), при што во зависност од конфигурацијата, автономијата стигнува до 520 литри.

Audi Q4 Sportback e-tron

Возачот пред себе ќе добие 10,25-инчна дигитална инструмент табла и 10,1-инчен централен екран, кој како опција може да биде 11,6-инчен, а е поврзан со најновата генерација на MMI инфо-забавниот систем.

Почетната цена на Q4 e-tron во Германија ќе изнесува 41.900 евра, додека Q4 Sportback e-tron стартува од 43.900 евра.

Претходно, Audi во својата понуда на електрични автомобили ги претстави моделите e-tron, e-tron Sportback и e-tron GT.

Повеќе содржини за Audi:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба