Slide 1
Slide 1

Новитети

Премиера: Rimac Nevera – Жесток електричен спортист со 1.914 кс

Slide 1
Slide 1

01/06/2021

Хрватската компанија Rimac Automobili денеска официјално ја претстави на верзијата за сериско производство на моделот C_Two, чие име ќе биде Nevera.

По долги подготовки и исцрпни тестирања, Rimac го обелодени конечниот изглед на својот супер спортист на електричен погон, поставувајќи нови стандарди во сегментот.

Nevera ќе располага со 1.914 коњски сили и вртежен момент од 2.360 Nm, максимална брзина од 412 км/ч, како и забрзување до 100 км/ч за околу две секунди.

Автономијата со една полна батерија ќе достигнува 550 километри, а привилегијата да се биде еден од 150 сопственици на Rimac Nevera ќе чини 2 милиони евра.

Rimac Automobili истакнува дека Nevera пристигнува со голем број иновации поврзани со електричниот погон, батеријата, па и можностите за регенерирање на енергија.

На возачот ќе му бидат достапни повеќе режими за возење, а ќе биде вклучена и вештачка интелигенција како личен тренер за возење, при што софтверот ќе го советува возачот како да го искористи максималниот потенцијал на овој жесток спортист.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови