Slider

Новитети

Премиера: Škoda го претстави електричниот Enyaq iV

Slider

Škoda Еnyaq iV ќе биде пократка од Octavia, но со повеќе простор во кабината од Kodiaq, во својата понуда ќе има и најголем централен екран (13 инчи) во целата гама на чешкиот бренд

01/09/2020

Škoda со посебно задоволство изминатите месеци ја најавуваше премиерата на моделот Enyaq iV, а причината за тоа е што се работи за првиот електричен модел на брендот, кој ја користи MEB платформата.

Чешкиот производител има долга историја во однос на електро мобилноста, во период кога таа останува само во привремена и експериментална фаза, во меѓувреме почна да ја електрифицира својата понуда.

Сепак, ова е прв класичен електро-мобил поставен на групациска платформа подготвувана за овој погон и кросовер кој ќе му овозможи на брендот да биде рамноправен во сегментот кој се очекува да биде посебно популарен во иднина.

Вечерва, во Прага се одржа официјалната премиера на Škoda Enyaq iV, по која се јасни сите детали за електричниот кросовер, чиј емотивен и инспиративен дизајн јасно навестува дека Чесите имаат големи амбиции во алтернативната мобилност.

Покрај изгледот кој ќе привлекува погледи, Enyaq iV ќе ги оправда очекувањата и во однос на функционалноста и практичноста, а притоа ќе обезбеди пет различни конфигурации во однос на моќноста и батерии со три опции во однос на капацитетот.

Škoda Еnyaq iV ќе биде пократка од Octavia, но со повеќе простор во кабината од Kodiaq, во својата понуда ќе има и најголем централен екран (13 инчи) во целата гама на чешкиот бренд, а интересна е и еволуцијата на Simply Clever додатоците кои сега се насочени кон функционалноста на еден електричен автомобил.

Во насока на комплименти за електричниот Enyaq iV оди и капацитетот на багажникот, кој започнува со 585 литри.

Почетната изведба која ќе ја носи ознаката Enyaq 50 iV ќе располага со моќност од 109 kW и автономија од 340 километри, изведбата со 132 kW ќе овозможи автономија од 390 километри, додека најголема автономија добива 80 iV изведбата, која покрај моќта од 150 кW, ќе може да помине до 510 километри со помош на батеријата со најголем капацитет (82 kWh) која е во игра.

Škoda реши да овозможи и две изведби со погон на четири тркала, а тие ќе бидат со моќност од 195 и 225 kW, односно автономија од по 460 километри.

Во однос на безбедноста, Enyaq iV ќе се продава со девет воздушни перничиња, возачот ќе може да смета на полуавтономно управување и многу безбедносни системи, а пред себе како опција може да го добие и хед-ап екранот со виртуелна реалност.

Како посебен специјалитет на електричниот кросовер е и таканареченото „кристално лице“, кое е достапно кај помоќните изведби, а подразбира осветлување на предниот дел со 130 светлечки диоди.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider