Slider

Новитети

Премиера во Риселсхајм: Opel ги претстави сите детали за новата Mokka

Slider

Од настанот организиран во централата на Opel во Риселсхајм беше испратена порака за квалитетите и големиот потенцијал на втората генерација на Mokka, која овој пат ќе може да се купи и како целосно електричен автомобил

22/09/2020

Претпазливоста поради коронавирусот не дозволи премиера на Opel Mokka со поголемо присуство на медиумите, но Германците во помал круг на новинари, претставници на компанијата и официјални гости, официјално ја претставија новата генерација на кросоверот.

Ова е трета и последна фаза, откако најпрвин беа објавени деталите и фотографиите од електричната изведба, потоа од изведбите со класичен погон, за сега информациите за Mokka да бидат комплетирани со претставувањето од Михаел Лохшелер како CEO на Opel, Марк Адамс кој ги претстави деталите за дизајнот и уште неколку членови на тимот.

Од настанот организиран во централата на Opel во Риселсхајм беше испратена порака за квалитетите и големиот потенцијал на втората генерација на Mokka, која овој пат ќе може да се купи и како целосно електричен автомобил.

Дизајнерскиот елемент наречен „Opel Vizor“ ќе биде карактеристичен за предниот дел на сите следни новитети на брендот, а редизајн добија логото со молња и натписот со името на моделот на задниот дел.

Покрај подобрите возни карактеристики, достапните технологии и системи, Mokka ќе располага и со модерни бензински и дизел мотори со распон на моќност меѓу 100 и 130 коњски сили. Електричната Mokka доаѓа со 136 кс и електрична автономија од 324 километри.

Во Германија, почетната цена на Mokka ќе биде 19.990 евра, а електричната изведба со субвенциите кои се актуелни, ќе добие почетна цена од 23.420 евра.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider