Slider

Новитети

Премиум друштвото побогато за новиот DS 4, кој доаѓа во три изведби

Slider

03/02/2021

Францускиот бренд DS продолжува да ја освежува својата премиум гама, а денеска е претставена новата генерација на моделот DS 4.

Членот на групацијата Stellantis истовремено претстави три изведби, поточно класичниот хечбек, неговата перформанс изведба, како и DS 4 Cross, кој претставува кросовер подготвен да влезе во дополнителен сегмент во премиум битката пред се со германските производители.

Иако многумина му предвидуваа црна судбина на DS, овој бренд не само што остана во понудата на PSA по доаѓањето на новиот CEO, Карлос Таварес, туку сега во новоформираната, поголема групација, ќе има и многу поголеми амбиции.

Трпеливото менување на структурата и понудата донесе и профитабилно работење, а со DS 4, Французите ќе очекуваат и дополнително зголемување на бројките оваа 2021 година.

Силуетата и елементите на екстериерот на DS 4 ќе му овозможат да биде уникатен и навистина атрактивен претставник на премиум Ц сегментот, а 4,4 метри долгиот автомобил доаѓа со височина од 1,47 метри и привлечен дизајн на тркалата кои можат да бидат и 20-инчни.

Покрај Matrix LED светлата, технолошката подготвеност на DS 4 подразбира и систем за активно скенирање на подлогата кој автоматски ја адаптира суспензијата, модерна хед-ап проекција, Night Vision систем, како и полуавтономно управување од второто ниво.

DS 4 Cross

Ентериерот ги потенцира заложбите на DS да подготви дигитализиран кокпит, со задржување на најважните физички команди, а возачот добива еден централен екран, како и мал 5-инчен екран на долниот дел на централната конзола.

Покрај бензинските и една дизел изведба, DS 4 уште од почетокот на продажбата ќе биде достапен и како плаг-ин хибрид со 225 коњски сили и електрична автономија до 50 километри.

Повеќе содржини за хечбек модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider