Slide
Slide

Вести

Премиум пиедестал: Volvo со најголема позитива, Mercedes ќе ја задржи првата позиција

Slide
Slide

Иако се уште не може целосно да им парира на поголемите конкуренти, Volvo ќе ја памети 2019 година поради новиот сопствен рекорд. Шведскиот бренд е во позитива на цела планета, а до ноември има раст од 8,4 проценти за вкупно 631.213 продадени автомобили

13/12/2019

Автомобилските производители од премиум сегментот ќе ја завршат годината со одреден раст, но ќе треба да ги анализираат своите резултати поради расзличниот прием на одредени поголеми пазари, односно континенти.

Кумулативните резултати од првите единаесет месеци веќе најавуваат како отприлика ќе заврши 2019 година и аналитичарите се сигурни дека Mercedes ќе ја задржи првата позиција и четврта година по ред ќе биде број еден според глобалната продажба.

Но, интересно е да се погледне целосната слика за тоа како им одеше на премиум брендовите во досегашниот дел од годината и кој од нив напредуваше најмногу во Европа, САД и Кина како најважни пазари.

Лидерот Mercedes до ноември испорача 2,13 милиони примероци (+1,4%), што значи дека е далеку од двоцифрен раст како минатите години, а најмногу поради стагнацијата во Европа (+ 0,6%) и САД (+ 0,7%). Фактот што Mercedes ги претстави новите GLC и GLE во вториот дел од годината е причина што SUV портфолиото продало за 5,3% помалку примероци во однос на единаесет месеци од минатата 2018 година.

Само чудо може да го одведе BMW на врвот по комплетирањето на декември, а експертите логично објаснуваат дека такво не може да се случи, па баварскиот бренд ќе мора да се задоволи со надминување од бројката од 2 милиони продадени примероци.

До ноември, BMW има раст од 2,4 проценти, а интересно е што SUV продажбата има удел од дури 44% во вкупната бројка на овој производител. 28,5% од продажбата на BMW завршува во Кина, а групациски заедно со Mini, во Европа досега е забележана помала продажба за 1,4 проценти.

Audi напредуваше за само 0,7 проценти од јануари до ноември во споредба со лани, а бројката до единаесеттиот месец изнесуваше 1,67 милиони примероци. „Четирите прстени“ поминаа најдобро во Европа (раст од 2,2%) во однос на германските ривали, а напредокот во Кина изнесува 3,5 проценти.

Иако се уште не може целосно да им парира на поголемите конкуренти, Volvo ќе ја памети 2019 година поради новиот сопствен рекорд. Шведскиот бренд е во позитива на цела планета, а до ноември има раст од 8,4 проценти за вкупно 631.213 продадени автомобили.

Во Европа, Volvo има раст од 6,2 проценти и половина од неговата продажба завршува токму во европските земји, а напредокот е евидентен и во САД (+ 7,2%) и посебно во Кина (+ 16,3%).

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1