Skip to content

Стории

Пресек на понудата во Европа: Споредба на гаранциите за батериите на електромобилите

Ако се споредат податоците од гаранциите на производителите, најчесто се среќава комбинацијата која гарантира користење на батеријата 8 години (96 месеци) со максимални 160.000 километри, при што производителот гарантира дека по овој период батеријата ќе задржи најмалку 70 проценти од својот основен капацитет

02/01/2020

Ерата на електричните автомобили допрва ќе го достигнува својот зенит, но поместувањата во овој сегмент овозможија и поголема конкуренција, па и споредба на дел од карактеристиките на достапните модели во моментов.

Во 2020 година на пазарот пристигнуваат повеќе модели од Б сегментот (како Opel Corsa-e и Peugeot e-208), но кај купувачите остануваат истите прашања кои предизвикуваат скептицизам.

Покрај цените и капацитетот на батериите, сериозна важност има и долговечноста на батеријата, односно одговор на прашањето дали батеријата ќе трае колку и автомобилот?

Досегашните искуства покажуваат дека батериите задржуваат солиден капацитет и повеќе години користење, но допрва ќе може да се прават посериозни споредби на моделите и по нивно користење подолго од една деценија.

Во меѓувреме, производителите се обидуваат со своите гаранции да влијаат позитивно на оваа тема, испраќајќи им порака на купувачите дека тие стојат зад квалитетот и потенцијалот на батериите и дека тие ќе бидат употребливи долг период.

Ако се споредат податоците од гаранциите на производителите, најчесто се среќава комбинацијата која гарантира користење на батеријата 8 години (96 месеци) со максимални 160.000 километри, при што производителот гарантира дека по овој период батеријата ќе задржи најмалку 70 проценти од својот основен капацитет.

Постојат и варијации, на пример Hyundai ја ограничува километражата на 200.000 километри, Tesla нема ограничување на километри за Model S и Model X, додека Kia се држи до својата традиционална гаранција од 7 години и кај електричните изведби на Niro и Soul.

BMW i3 и Mini Cooper SE ја одржуваат гаранцијата активна до 100.000 километри, исто како и двата модела на Smart, додека Renault Kangoo ZE доаѓа со 60-месечна гаранција.

Модел Гаранција (месеци) Гаранција (км) Гарантиран капацитет (%)
Audi e-tron

96

160.000

нема инфо

BMW i3

96

100.000

70

Citroën C-Zero

96

100.000

нема инфо

Ford Mustang Mach-E

96

160.000

нема инфо

Honda e

96

160.000

70

Hyundai Ioniq

96

200.000

нема инфо

Hyundai Kona

96

200.000

нема инфо

Jaguar I-Pace

96

160.000

70

Kia Niro

84

150.000

65

Kia Soul

84

150.000

65

Mercedes EQC

96

160.000

нема инфо

Mini Cooper SE

96

100.000

нема инфо

Nissan Leaf

96

160.000

нема инфо

Opel Ampera-e

96

160.000

70

Opel Corsa-e

96

160.000

70

Peugeot e-208

96

160.000

70

Peugeot e-2008

96

160.000

70

Polestar 2

96

160.000

нема инфо

Porsche Taycan

96

160.000

70

Renault Kangoo ZE

60

100.000

66

Renault Zoe

96

160.000

66

Seat Mii electric

96

160.000

70

Škoda Citigo-e iV

96

160.000

нема инфо

Smart EQ fourtwo

96

100.000

нема инфо

Smart EQ fourfour

96

100.000

нема инфо

Tesla Model 3

96

160.000

70

Tesla Model S

96

неограничено

нема инфо

Tesla Model X

96

неограничено

нема инфо

Volkswagen ID.3

96

160.000

70

Volkswagen e-Golf

96

160.000

70

Volkswagen e-Up!

96

160.000

70

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend