Slide 1

Стории

Пресметавме колку дополнително се заштедува со 10-годишната гаранција на Toyota

Slide 1

Пракса во индустријата е доколку продолжената гаранција е вклучена во цената на возилото, производителот да ја комуницира вкупната гаранција. Во случаите кога за продолжената гаранција се доплаќа, производителите ја комуницираат само основната.

20/07/2021

Toyota од неодамна воведе 10-годишна гаранција која важи за моделите на јапонскиот производител. Изгледа импресивно и навистина е така.

Важноста на гаранцијата за купувачите е правопропорционална со вредноста на производот и должината на времето на негова експлоатација. Со оглед на тоа што автомобилите ги исполнуваат и двата параметри, таа несомнено е предмет на интерес на купувачите на нови автомобили.

Но, што претставува 10-годишната гаранција, какви типови на гаранции има во автомобилската индустрија и колку заштеда ни носи подолгиот гарантен период?

Кога ги анализираме гаранциите, три работи се клучни: временската рамка, бројот на поминати километри и опфатот на деловите кои гаранцијата ги покрива.

Во однос на времето, гарантните рокови во автоиндустријата најчесто се движат помеѓу 2 и сега веќе – 10 години.

Во однос на изминатите километри, кај некои од покусите гарантни рокови тие не се ограничени, додека кај гаранциите кои траат подолго, по правило има ограничување и во однос на изминатите километри. Така, гарантниот рок престанува да важи штом се надмине првиот од двата фактори (време или километри).

Овие два параметри се прилично јасни за купувачите. Но, во однос на опфатот на деловите кои спаѓаат во гаранцијата, потребно е објаснување.

Имено, според опфатот гаранциите се делат на два дела: Основна и продолжена. Основната гаранција е покуса и сеопфатна, односно ги опфаќа безмалку сите делови на возилото освен оние кои се трошат со тек на време и користење, односно потрошниот материјал. Најчесто таа трае две или три години, но има и исклучоци како во примерот со Kia.

Потоа следи продолжената гаранција која најчесто не е толку сеопфатна и може да трае уште неколку години.

Продолжената гаранција може да биде вклучена во цената на автомобилот или производителот да ја нуди за одреден надомест. Во случај на доплата, продавачот нуди матрица од години и километри, па купувачот избира во зависност од планот за експлоатација на возилото.

Пракса во индустријата е доколку продолжената гаранција е вклучена во цената на возилото, производителот да ја комуницира вкупната гаранција. Во случаите кога за продолжената гаранција се доплаќа, производителите ја комуницираат само основната.

Во случајот на Toyota, забележлива е нивната транспарентснот, па сите услови, дури и примерок од гарантната книшка се објавени на нивниот сајт. Може да се забележи дека основната гаранција важи во првите 3 години, а останатите 7 години се покриени со продолжената гаранција. Забележливо е дека и продолжената гаранција вклучува голем број од деловите во возилото.

Продолжената гаранција во случајот со Toyota се продолжува секоја година или секои 15.000 минати километри, во зависност од тоа што настапува прво. Бидејќи за продолжената гаранција не се доплаќа, Toyota гордо ја комуницира вкупната гаранција која изнесува импресивни 10 години.

За купувачите на ново возило би било практично доколку можат да ја пресметаат разликата во вредност која се добива со подолгите гарантни рокови. Ова може да се пресмета на два начини.

Првиот, доколку се земе предвид годишниот просечен трошок за поправки на возилата. Имено, во Западна Европа и САД некои од големите институции кои спроведуваат сервисирање на огромен број на возила од различни производители, педантно ги евидентираат сервисирањата, што потоа им овозможува статистички да пресметаат колку во просек еден сопственик на возило старо 9 години на пример, троши за поправки во текот на една календарска година.

Според извештаите на германски TÜV, DEKRA и GTË кои сме ги објавувале во минатото, фрекфенцијата на дефектите на возилата не е линеарна, нивната прогресија е забележлива како што изминува секоја наредна година.

Ова води до зголемени трошоци за сервисирање во подоцнежните години од експлоатацијата на автомобилите. Годинешното истражување на реномираниот "Consumer Reports" во САД покажа дека сопствениците на 5 години стари возила годишно плаќаат во просек по 205 долари за поправки, додека сопствениците на возила кои се купени во 2011 година поправките ги чинат 430 долари годишно. Врз основа на овие две вредности педантните "математичари" со интерполација можат многу лесно да пресметаат вкупен трошок за сервисирање за неколку последователни години.

Ваквиот начин на пресметка мора да се земе со резерва, најпрво заради тоа што резултатот е просек од податоците за 27 различни брендови кои биле дел од истражувањето. Исто така, сервисирањето на возилата од "премиум" сегментот е поскапо од останатите.

Вториот начин да се пресмета колку дополнително се штеди со разликата во гарантниот рок кој го нуди еден производител во однос на друг е да се побараат цените за продолжена гаранција од производителот кој нуди покус гарантен рок.

Така на пример, доколку еден производител нуди 5 години гаранција, а вториот 3, доколку од вториот се побара цена за продолжена гаранција за уште 2 години, купувачот би можел да добие подобра слика и да ги споредува понудите од двата производители во кои ќе ја вкалкулира и цената за продолжената гаранција.

Но, и оваа постапка не е баш едноставна. Тука доаѓаме до опфатот на гаранцијата. Има два типа на гаранции според опфатот: комплетна и делумна. Првата ги опфаќа сите делови на возилото освен потрошниот материјал, додека во делумната се наведени деловите кои се опфатени и оние кои не се опфатени.

Најчесто основната гаранција е комплетна, додека продолжената е делумна. Затоа корисно би било купувачот да побара информација кој дел од времето на понудената гаранција е покриен со основна, а кој со продолжена гаранција, како и да побара спецификација за опфатот на продолжената гаранција.

Доколку решите детално да се посветите на истражување и споредби на гарантните услови, во процесот ќе сфатите дека одредени гаранции се "врзани" само за првиот сопственик на возилото, а други исклучуваат одредени дејности - како на пример такси превозниците. Исто така, најчесто за комерцијалните возила важат посебни услови.

Гаранциите на автомобилите, сепак, се дел од внимателно осмислени деловни стратегии на автомобилските производители. Но, истовремено се фактор на доверба кој влијае врз финалниот избор на купувачот. Заради тоа, ние се потрудивме да ги сумираме гарантните рокови кои важат во Македонија на едно место, во една прегледна табела.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla