Новитети
Претставен e EX90, новиот знаменосец на Volvo кој треба да достигне до 5-тото ниво на автономно управување
LiDAR технологијата, која е од добавувачот Luminar, наскоро се планира да биде сериска опрема во моделите на Volvo. Овој сензор може да детектира пешаци и на 250 метри оддалеченост од возилото, дури и при големи брзини.
Според Џим Рован, извршниот директор на Volvo, SUV знаменосецот на брендот е првиот “Volvo модел кој е навистина дефиниран од страна на софтверот”.
Според Volvo, моделот EX90 започнува нова ера во безмалку 100-годишната историја на шведскиот премиум производител.
Новиот знаменосец ќе има автономија до 600 километри со едно полнење на батеријата и забрзување од 0-100km/h за 4.9 секунди.
Ова е прво лансирање на модел под водство на Џим Рован, новиот извршен директор на Volvo, кој дојде на позицијата во март годинава. Според него, овој автомобил не е само автомобил, тоа е многу напреден компјутер на тркала кој ќе станува уште подобар со тек на време, бидејќи ќе може да добива безжични надградби на софтверот.
За заинтересираните купувачи интересно е што производителот од вчера започна да прима нарачки, но само за следните пазари: Германија, Шведска, Норвешка, Велика Британија, Холандија и САД.
Како што претходно објавивме, технологијата на EX90 овозможува “невидливо безбедносно поле” околу возилото, преку кое би требало да се намалат сериозните повреди на патниците во EX90 за дури 20%.
Сензорите вклучуваат осум камери, пет радари и LiDAR сензор кој за првпат се вградува во модел на Volvo.
LiDAR технологијата, која е од добавувачот Luminar, наскоро се планира да биде сериска опрема во моделите на Volvo. Овој сензор може да детектира пешаци и на 250 метри оддалеченост од возилото, дури и при големи брзини.
Софтерот на автомобилот работи врз основа на платформата Drive на добавувачот Nvidia.
Оваа платформа овозможува второ ниво системи за асистенција при возењето и трето ниво на автономно управување. Таа спроведува дури 30 трилиони операции во секунда. Во меѓувреме, системот Orin (исто така испорачан од Nvidia) спроведува дури 254 трилиони операции во секунда, што им овозможува на девелоперите со тек на време да овозможат моделот да помине од второто на 5-тото ниво на автономно управување.
EX90 исто така, има процесор од Qualcomm на кој работи софверот кој е направен интерно од страна на Volvo. Snapdragon платформата на Qualcomm овозможува високо квалитетни графики на екраните во возилото.
Volvo е сигурен во својата технологија, па наскоро планира да го регистрира моделот за автономно управување, најпрвин за жителите на Калифорнија. Лансирањето на оваа функционалност наречена Ride Pilot ги чека послдните интерни проверки на производителот.