Вести
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Во моментов, двата бренда во рамките на Stellantis групацијата прикажаа вкупно 10 електрифицирани модели од својите гами.
Генералниот увозник за брендовите Opel и Peugeot, компанијата Еуроимпекс, вчера одржа интересен настан посветен на електричната и електрифицираната гама на овие два бренда.
За време на настанот, двата бренда во рамките на Stellantis групацијата прикажаа вкупно 10 електрифицирани модели од својите гами.
Иницијалната стратегија на францускиот бренд уште од воведувањето на електричата 208-ца, беше електричниот погон да се додаде како трет избор за купувачите, освен бензинските и дизел изведбите.
Модуларноста на E-MPA платформата, развиена токму од Peugeot, им овозможува на брендовите во рамки на Stellantis да додадат плаг-ин хибрид и електричен погон, притоа без компромис околу големината на батериите и автономијата, како што тоа е случај кај други производители.

Оваа платформа ќе биде во употреба до 2024 година, сѐ додека не бидат подготвени новите (STLA-Small) платформи развивани од страна на групацијата.
Освен веќе присутните електрични и електрифицирани модели, Еуроимпекс го искористи настанот за премиерно да ја прикаже новата Opel Astra, во плаг-ин хибридна изведба.

Пред три месеци имавме прилика да ја возиме токму оваа изведба во околината на Лисабон, за време на медиската презентација на моделот.
Бакарно-жолтата боја “Kult” само го надополнува спортскиот карактер на моделот, кој ќе им се допадне на долгогодишните фанови на Astra.