Slide

Вести

Пристигнаа освежените E-Pace и F-Pace: SUV еволуција со повеќе луксуз и технологија

Slide

03/05/2021

Jaguar може да биде задоволен од начинот на кој беа прифатени SUV моделите, E-Pace и F-Pace, а нивните освежени изданија на првата генерација се тука за да ја зацврстат позицијата на брендот во премиум конкуренцијата.

Помалиот E-Pace и поголемиот F-Pace веќе им се достапни на македонските купувачи во продажната мрежа на „Automobili Group“, а соочувањето во живо со атрактивните автомобили докажува дека британскиот бренд умешно ги вметнува потребните надградби, задржувајќи го уникатниот карактер, но и луксузниот печат на своите модели.

Jaguar E-Pace ја доби понапредната платформа на JLR групацијата, со која купувачите може да изберат и плаг-ин хибрид изведба, но и да ја добијат 48V технологијата за поголема економичност и подобри перформанси во одредени ситуации, додека промените на светлата, маската и браниците дискретно го прават компактниот SUV еден од оние со „најдобро тело“ во својата класа.

Премиум амбиентот во кабината е надополнет со секогаш впечатливиот дизајн на ентериерот, каде E-Pace добива поголем, 11,4-инчен централен екран и тоа со најновиот Pivi Pro инфо-забавен систем, дигитална инструмент табла, а заеднички со F-Pace им е новата рачка за контролирање на автоматската трансмисија.

Освежениот E-Pace ќе биде достапен со осум погонски единици, од кои шест се ќе бидат благи хибриди. Во ова друштво не се почетниот дизел мотор со 163 коњски сили (PS) и погон на предни тркала, како и првата плаг-ин хибрид изведба P300е, која располага со 309 коњски сили (PS) и автономија на електричен погон до 55 километри.

MHEV технологијата е достапна кај дизел варијациите со 163 кс и погон на четири тркала, односно 204 кс, како и кај бензинските изведби со распон на моќност меѓу 160 и 300 кс (PS).

F-Pace беше прв SUV во гамата на Jaguar и се покажа како оправдан потег на британскиот бренд, користејќи го SUV трендот за да му донесе и нови купувачи во својата база.

Еволуцијата на F-Pace и тука значи потенки светла и двоен J потпис со LED технологија, промена на поклопецот на моторот, маска и браниците, се со цел да се добие уште подинамичен изглед на и онака атрактивниот SUV со спортски израз.

Покрај Pivi Pro инфо-забавниот систем на големиот централен екран, F-Pace ги добива и најновите технологии за филтрирање на кабината и неутрализирање на бучавата, како и активирање на моторот без клуч од најновата генерација.

Jaguar ќе им го понуди F-Pace на купувачите со шест различни погонски единици, сите подразбираат 8-степена автоматска трансмисија и погон на четири тркала, а новитет е плаг-ин хибрид изведбата со вкупно 404 коњски сили.

Дизел изведбите се достапни со распон на моќност меѓу 163 и 300 коњски сили, при што три од четири се со mild hybrid (48v) технлогија, а бензинците се претставувани од 2.0-литарски агрегат со 250 и 3.0-литарските варијации со 340 и 400 коњски сили.

Повеќе содржини за Jaguar:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба