Новитети
Привилегија за 500 купувачи: Alfa Romeo Giulia GTA со 540 кс
Alfa Romeo Giulia GTA ќе биде достапна и со две седишта, варијација која ќе биде позната како GTAm, a дека ова е вистински подарок за најистакнатите алфисти покажува и фактот што GTA изведбата ќе биде достапна во само 500 примероци
Alfa Romeo ја отвори серијата виртуелни премиери кои ќе ги заменат најавените изненадувања кои производителите ги подготвуваа за веќе откажаниот Саем во Женева.
Италијанскиот бренд ги исполни најавите, враќајќи една легендарна изведба на сцената како подарок за својот 110. роденден, а во случајов тоа е GTA изведбата на Giulia.
Поточно, основа на GTA е Giulia Quadrifoglio, a екстремниот спорист добил специјален аеродинамичен пакет кој е разработен благодарение на Формула 1 соработката на Alfa Romeo со Sauber. На менито на Giulia GTA се и титаниумски издув Akrapovič сместен во задниот карбон-фибер дифузер, како и 20-инчни тркала кои седанот ги добива првпат во оваа верзија.
Моќноста на моторот е дополнително зголемена, па 2.9-литарскиот блок гарантира 540 коњски сили, додека инженерите посветиле многу внимание на односот тежина/моќност кој стигнува до 2,82 кс на 1 килограм, а е добиен благодарение на употребениот материјал и намалената тежина на возилото.
Alfa Romeo Giulia GTA ќе биде достапна и со две седишта, варијација која ќе биде позната како GTAm, a дека ова е вистински подарок за најистакнатите алфисти покажува и фактот што GTA изведбата ќе биде достапна во само 500 примероци.