Стории
Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Германија, која е најголем пазар во Европа според продажбите на електрични возила, заедно со некои од нордиските земји годинава ги намалија или укинаа субвенциите за купување на електрични возила.
Jeep во последните месеци бележи значителен пораст во продажбите на електричните изведби на малиот SUV Avenger. Ова е особено значаен податок со оглед на фактот што пазарното учество на електричните изведби во сегментот на мали SUV возила застана на 6%.
Во август, дури 58% проценти од регистрираните Avenger модели биле со комплетно електричен погон. Се работи за 2,152 продадени примероци.
Во јуни процентот на електрични изведби изнесувал 35, додека во јули – 37. Jeep успеал да продаде вкупно 962 примероци од електричната изведба на моделот за првите пет месеци од годината.
Според известувањето од производителот, дури 42% од над 40,000 нарачки за Avenger се однесуваат на електричната изведба. Од 18,487 регистрирани примероци во Европа, во периодот помеѓу јануари и август, 31% се однесуваат на електричните изведби.
Што се однесува до сегментот, електричните изведби заземаат само 5.7% од вкупните продажби во истиот период, што е многу мал пораст (за 0.1 процентен поен) во однос на истиот период во 2022 година.
Удел во стагнацијата на растот на пазарното учество на овие модели има и промената во регулативата во некои европски земји.
Германија, која е најголем пазар во Европа според продажбите на електрични возила, заедно со некои од нордиските земји годинава ги намалија или укинаа субвенциите за купување на електрични возила. Имено, во германија износот на субвенциите се намали од 6,000 на 4,500 евра.