Вести
Продажна офанзива на Volkswagen Golf 8 на стартот на годината
Осмата генерација на компакт авторитетот, Volkswagen Golf, во нашата земја беше претставена уште минатата година, но со оглед на понатамошниот развој на годината и сите компликации кои ги предизвика пандемијата, овој модел зема вистински продажен залет токму во првиот месец од 2021 година.
Македонскиот импортер „Порше Македонија“ веќе им овозможи на заинтересираните купувачи да се запознаат со новиот Golf во продажниот салон на Volkswagen, каде се изложени неколку примероци, подготвени да го откријат најновиот чекор во еволуцијата на дизајнот, но пред се и „поткожните“ вредности кои ги добива европскиот бестселер.
Покрај напредниот бензински мотор кој е дел од конфигурацијата на благ хибрид, располага со 150 коњски сили и е комбиниран со трансмисија со двојна спојка, на почетокот во понудата се и традиционално популарните турбо-дизел варијации.
Во случајов, докажаниот и постојано технолошки ревидиран 2.0-литарски TDI агрегат, со 115 или 150 коњски сили, при што кај првиот е достапна и мануелна трансмисија.
Со оглед на престижниот карактер кој Golf го има во својата класа, но и пошироко, воопшто не изненадува што кај овој модел Volkswagen постојано наметнува сериозен скок во однос на понудата на сериската опрема, па и опциите кои се достапни во вид на дополнителна опрема.
Германската гордост има императив да поставува нови стандарди во класата, а досегашните продажни бројки во Европа го потврдуваат успешниот концепт, нешто што Golf планира да го продолжи и со осмата генерација.
Првиот впечаток е дека автомобилот има сериозна понуда и навистина многу опрема, што подразбира целосни LED светла, дигитална инструмент табла, 8,25-инчен екран, стартување на моторот без клуч, 16-инчни алу тркала, автоматски клима-уред Climatronic, асистент за долги светла, камера и уште голем број елементи од долгиот список кои „Порше Македонија“ ги овозможува во својата актуелна акциска понуда.
Без разлика дали ќе ве привлече опременоста, возните карактеристики или функционалноста, новиот VW Golf не остава простор за рамнодушност, а е достапен со се што е потребно од системи и опрема, како и економичен дизел мотор, со акциска цена од 23.500 евра.
Деталите за моделот, како и официјален ценовник може да пронајдете на следниот ЛИНК
Повеќе содржини за Volkswagen: