Вести

Произведени над 500.000 примероци од третата генерација на Skoda Superb

Со половина милион произведени примероци на актуелната генерација, Skoda Superb веќе ја надмина границата 1,25 милиони во вкупната продажба

14/03/2019

Знаменосецот на Skoda продолжува да го прави горд чешкиот бренд, кој ја информираше јавноста дека е надмината бројката од 500.000 произведени примероци на актуелната трета генерација.

Новиот Superb во себе го носи неверојатно големиот напредок на Skoda, се произведува во пет различни фабрики, а наскоро ќе биде претставена и освежена верзија како нов чекор во еволутивниот процес.

Со половина милион произведени примероци на актуелната генерација, Skoda Superb веќе ја надмина границата 1,25 милиони во вкупната продажба, откако претходната генерација заврши кај 618.500 купувачи, а првото издание на лимузината беше продадено во 136.100 примероци.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider