Slider

Вести

Производителите покажале голем интерес за новиот концепт на Саемот во Минхен

Slider

09/11/2020

Автомобилскиот саем IAA кој досега се одржуваше секоја втора година во Франкфурт, веќе следната 2021 година треба да дебитира во друг град.

Нов домаќин на важниот собир за автомобилската индустрија ќе биде Минхен, а организаторите ја добија поддршката на германската асоцијација на компании од оваа бранша најмногу поради инфраструктурата и иновативниот концепт.

Тие сега се пофалија дека најголемиот дел производители покажале интерес за учество на саемот, кој го остава зад себе концептот на гигантски штандови и ќе им овозможи на учесниците да ги претстават своите новитети на повеќе локации.

– На саемот ќе се вратат брендови кои изминативе години немаа свој штанд во Франкфурт. Ова ќе биде нов почеток базиран на нов концепт, но списокот на учесници ќе го соопштиме кога ќе бидат потпишани договорите, – изјавил Јирген Миндел од VDA.

– Големите производители ни кажаа дека сакаат помали штандови, а не да градат големи „катедрали“ како во минатото, – дополнил Миндел.

Организаторите ја ограничија големината на штандовите на 2.000 квадратни метри, што е сериозна разлика во однос на минатото, кога дел од германските производители знаеја да резервираат и цела саемска хала.

Концептот на Саемот во Минхен покрај саемските хали на „Месе Минхен“ подразбира изложбена платформа во центарот на Минхен, а двете локации ќе бидат поврзани со „сина лента“ по која ќе можат да се испроба и возењето во автономни автомобили, електрични автобуси, електрични тротинети и друго.

Минхен потпиша договор за организација на IAA саемот во 2021 и 2023 година, со опција за продолжување на истиот и за уште едно издание.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider