Slide 1

Вести

Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање

Slide 1

Врз абењето на компонентите на системот на сопирање влијае и начинот на користење на возилото, бројот на патници кои патуваат со него, условите на патот, како и товарот кој се пренесува.

19/10/2021

Еуроимпекс, генералниот увозник за автомобилите од германскиот производител Opel, започнува со кампања во која сопствениците на возила од овој бренд ќе може да ги проверат дисковите и плочките на своето возило и доколку е потребна замена, истата ќе биде направена со 15% попуст на заменетиот дел, како и на услугата.

Може да се забележи дека e погоден тајмингот за една ваква акција, бидејќи препорачливо е да се дочека зимата со проверен систем за сопирање.

Имено, дел од компонентите на системот за сопирање кај патничките возила се подложни на абење и тие имаат предефинирана километража по чие изминување треба да се заменат. 

Но, на интензитетот на абењето влијание има и времето, па дури и за оние возачи кои минуваат помала километража, по одреден период е препорачлива замена на дел од компонентите на системот за сопирање.

Врз абењето на компонентите на системот на сопирање влијае и начинот на користење на возилото, бројот на патници кои патуваат со него, условите на патот, како и товарот кој се пренесува. 

Овие интервали варираат од модел до модел, па најдобро е да се обратите во најблискиот Opel сервис, бидејќи сите тие се вклучени во акцијата организирана од Euroimpex.

Акцијата ќе трае безмалку еден месец, што е доволно за сопствениците на Opel автомобил да можат навремено да закажат термин и да го посетат официјалниот Opel сервис.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental