Стории
Просечната цена на нов Rolls-Royce во 2022 изнесувала 500,000 евра, што е двојно повеќе споредено со онаа пред 10 години
Spectre ќе чини околу 400,000 евра, со што ценовно ќе се позиционира помеѓу Cullinan и знаменосецот седан, Phantom.
Spectre, првиот електричен модел на луксузниот британски автомобилски производител, има поголем број нарачки од очекуваното, па извршниот директор на брендот најави дека Spectre ќе биде профитабилен модел уште при самото лансирање.
Rolls-Royce ќе мора да го зголеми и производствениот план за својот прв електричен модел, доколку нарачките продолжат со сегашното темпо.
“Нарачките за Spectre се многу поголеми од очекувањата”, изјави Торстен Милер-Отвос, извршниот директор на брендот, за време на средба со новинарите на почетокот на јануари. “Ние сме на неколку месеци пред стартот на производството, но доколку овој тренд продолжи, прилично сум сигурен дека ќе мора да ги адаптираме производствените планови”, додаде тој.
Испораките на Spectre, модел кој ќе го замени Wraith, во гамата на брендот како модел со две врати, ќе започнат кон крајот на годинава.
Уште од објавувањето на моделот во октомври, Rolls-Royce овозможи нарачки кои се протегаат и во втората половина на 2023 година.
Spectre ќе биде третиот столб на Rolls-Royce, покрај SUV моделот Cullinan и седанот Ghost, изјави Милер-Отвос.
Моделот Cullinan оствари безмалку половина од рекордните 6,021-те продажби на брендот во 2022 година, во кои Ghost учествува со околу 25%.
Рекордните продажби најмногу се реализирани во Северна и Јужна Америка, со тоа што САД останува најголем пазар за брендот, со околу 35% од вкупната побарувачка.
Spectre ќе чини околу 400,000 евра, со што ценовно ќе се позиционира помеѓу Cullinan и знаменосецот седан, Phantom.
Британскиот луксузен бренд веќе најави дека новиот модел ќе има автономија од 520 километри со едно полнење, како резултат на големата батерија и аеродинамичната силуета.
Производителот не го објави капацитетот на батеријата во kWh, но најави дека таа тежи 700 килограми, што наведува на тоа дека батеријата ќе има над 100 kWh.
Според извршниот директор на брендот, Spectre ќе има исто ниво на профитабилност како и останатите модели во нивното портфолио. Иако BMW Group, сопственикот на Rolls-Royce, не ги открива финансиските резултати на британскиот производител, Милер-Отвос изјави дека неговите сопственици во Минхен се многу задоволни со профитните маргини на компанијата која тој ја раководи.
Просечната цена за нов Rolls-Royce во 2022 порасна на околу половина милион евра, што е двојно повеќе споредено со просечната цена пред 10 години.