Slider

Вести

Просечната Co2 емисија на новите автомобили во Европа бележи раст трета година по ред

Slider

Во 2020 година, во ЕУ, В. Британија, Исланд и Норвешка се регистрирани над 15,5 милиони возила, 58% од нив биле со бензински мотор, 31% со дизел мотор, на хибридите отпаѓаат 4 проценти, додека плаг-ин хибридите и електричните возила заеднички имаат 3,5%

29/06/2020

Просечната Co2 емисија на новите автомобили регистрирани во 2019 година во Европската Унија, Велика Британија и Исланд и Норвешка трета година по ред е зголемена, алармираше Европската агенција за животна средина.

Анализите направени за новите автомобили регистрирани минатата година покажала дека просечната Co2 емисија е зголемена за 1,6 г/км и стигнала до просечни 122,4 г/км, што значи продолжување на негативниот тренд кој започна во 2017 година.

Притисокот врз производителите во однос на дизел моторите не донесе позитивен ефект врз просечната Co2 емисија, бидејќи во меѓувреме е зголемен интересот за SUV возилата, кои обично се поголеми и потешки, а со тоа и имаат понегативно влијание врз животната средина.

Од друга страна, процесот на електрификација се уште е во зачеток и не може да ја неутрализира поголемата Co2 емисија на бензинските мотори кај SUV возилата.

Според новите правила на Европската Унија, од оваа година производителите треба да почнат да ја исполнуваат просечната флотна Co2 емисија од 95 г/км (со можност за мала варијација), па и покрај многуте електрифицирани премиери и повлекување на модели со поголема емисија, ефектот веројатно нема да биде според посакувањата и во 2020 година.

Во 2020 година, во ЕУ, В. Британија, Исланд и Норвешка се регистрирани над 15,5 милиони возила, 58% од нив биле со бензински мотор, 31% со дизел мотор, на хибридите отпаѓаат 4 проценти, додека плаг-ин хибридите и електричните возила заеднички имаат 3,5%.

Дури 38 проценти од овие возила биле од SUV сегментот, кои вообичаено имаат поголема потрошувачка, односно Co2 емисија поради поголемата тежина, помоќните мотори и помалата аеродинамичност.

Просечната Co2 емисија на SUV моделите била 134 г/км, што значи зголемување за 13 г/км во однос на 2018 година. Пораснала и просечната тежина на регистрираните автомобили во овој сегмент и тоа за 30 килограми.

 

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider