Slide

Вести

Првиот човек на Citroën: Премиерата на новиот C4 е прашање на недели

Slide

15/04/2020

Француски Citroën одамна го потврди пристигнувањето на наследникот на актуелниот C4 Cactus, автомобил кој веројатно ќе го носи името C4, а според досегашните фотографии од тестирањата ќе биде повеќе кросовер отколку класичен компакт.

Во рамките на најавите на важниот новитет кој ќе биде понуден и со електричен погон се вклучи и новиот CEO на Citroën, Венсан Коби, кој во интервју објавено вчера зборувал на оваа тема.

Предводникот на брендот со лого со двоен шеврон потенцирал дека промоцијата на новиот C4 ќе се случи наскоро, односно во прашање се недели кога ќе биде претставен новиот модел со голем потенцијал за Citroën.

Коби додал дека купувачите ќе можат да си порачаат примерок за себе веднаш по промоцијата, а автомобилот ќе стигне во продажните салони веќе во септември, односно во последниот квартал на оваа година.

– Новиот C4 ќе донесе свежа крв во овој сегмент кој одамна е монотон. Нашиот автомобил ќе понуди автентичен дизајн, одлична прегледност за возачот и посебно внимание на комфорот, целосно нов идентитет на еден автомобил во сегментот, – изјавил Коби.

Овој модел ќе биде понуден со електричен погон, но и со класичните бензински и дизел изведби, а според сите предвидувања, премиерата би требало да се случи на крајот на мај, кога се надеваме ќе спласне и кризата предизвикана од коронавирусот.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба