Slide

Новитети

Првиот електричен автомобил на Lamborghini ќе има два електрични мотори со сила од над еден мегават

Slide

Продукциската верзија на Lanzador ќе биде лансирана во 2028, станувајќи четврти модел на брендот, по Urus, Revuelto и Huracan.

22/08/2023

Италијанскиот производител на супер автомобили во рамки на VW Group, го прикажа својот концепт Lanzador, кој ќе биде основа за првиот комплетно електричен модел на брендот.

Производителот најавува дека овој автомобил ќе има врвни спортски перформанси, но и флексибилност која ќе овозможи да се користи секојдневно од страна на сопствениците.

Продукциската верзија на Lanzador ќе биде лансирана во 2028, станувајќи четврти модел на брендот, по Urus, Revuelto и Huracan.

“За нас, четвртиот модел е апсолутно логична екстензија на нашето портфолио, совршена врска помеѓу Urus и нашите супер спортски автомобили”, изјави Стефан Винкелман, извршниот директор на Lamborghini.

“Ова е комплетно електричен Lamborghini во кој корисниците може да уживаат секојдневно”, додава Рувен Мор, главниот технички директор на брендот.

Концептот беше претставен за време на автомобилски настан во Калифорнија. Продукциската верзија ќе има моќни електрични мотори на двете оски, кои заедно ќе имаат моќ од над еден мегават.

Енергијата ќе биде складирана во нова генерација на високо-перформансни батерии, кои ќе овозможат голем досег со едно полнење, но производителот не објави дополнителни детали.

Концептот најавува идна технологија како што е Dinamica Veicolo Integrata (LDVI), што претставува контролен систем за возната динамика кој вклучува значително поголем број на сензори кои овозможуваат многу прецисно адаптирање на возните својства во секој момент.

Lamborghini продаде рекордни 5,341 возила во првата половина од годинава, што е за 251 примероци повеќе споредено со истиот период лани. Најдобро продаван модел е Urus со 3,241 продадени примероци, а на втората позиција е Huracan.

Продукциската изведба на Lanzador ќе се произведува во фабриката на Lamborghini во Сант Агата Болоњезе, во која производителот инвестира безмалку 2 милијарди евра за да ја адаптира за производство на хибридни и електрични автомобили.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа