Slide 1
Slide 1

Вести

Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024

Slide 1
Slide 1

Важноста на автомобилскиот бизнис за Xiaomi е нагласен преку фактот што за Извршен директор на новоформираната компанија е поставен Леи Јун, основачот на Xiaomi.

15/09/2021

Кинескиот технолошки гигант влегува во автомобилскиот бизнис, со големи инвестиции на средства генерирани од продажбата на мобилни телефони.

Јавна тајна е дека Apple веќе некое време работи на развој на електричен автомобил, иако процесот се држи во најстрога тајност. 

Но, уште еден производител на мобилни телефони прави значајни чекори за влез во автомобилскиот бизнис: Xiaomi најави дека планира да го лансира својот прв електричен автомобил уште во првата половина на 2024 година. Планирани се уште три модели во следните три години по 2024 – по еден нов модел годишно.

Според Reuters, Xiaomi на 1-ви септември годинава регистрирал подружница со името Xiaomi EV, која е основана со влог во вредност еквивалентна на една и пол милијарди американски долари. 

Важноста на автомобилскиот бизнис за Xiaomi е нагласен преку фактот што за Извршен директор на новоформираната компанија е поставен Леи Јун, основачот на Xiaomi.

Во првите три години по планираното лансирање на првиот модел, компанијата планира продажба од околу 900.000 автомобили. Според информациите, во новоформираната компанија веќе се вработени 300 луѓе, а нивниот број се очекува драматично да расте. 

Сè уште не се познати детали за тоа во врска со конкретните модели, пазарите на кои ќе се натпреварува кинескиот производител, ниту пак има информации во врска со договорени соработки со одредени добавувачи.

Во март годината, Xiaomi најави дека во следните десет години ќе инвестира околу 10 милијарди долари во развој на електрични автомобили. Според извештај на BBC, Xiaomi е трет најголем производител на мобилни телефони во светот, веднаш зад Apple и Samsung. 

Xiaomi успеа да ја искористи ситуацијата по санкциите од страна на САД кон конкурентскиот производител Huawei. Во последниот квартал од минатата година ниванта продажба пораснаа за една третина споредено со истиот квартал една година претходно. Веќе неколку години мобилните телефони на Xiaomi се достапни и кај нас.

Xiaomi и Apple не се единствените компании кои сакаат да влезат во автомобилскиот сектор. Минатата година Sony претстави прототип на електрично возило, но оттогаш нема дополнителни информации во однос на тоа дали компанијата планира да продолжи со сериско производство. Британскиот премиум производител на прочистувачи за воздух и правосмуалки, Dyson, се откажа од планот за развој на електрични возила откако потроши неколку милијарди во проектот.

Кина е одличнен пазар за производство на електрични возила, меѓудругото и поради субвенциите од страна на државата. Неодамна и најголемиот добавувач на Apple, компанијата Foxconn, објави дека планира да започне со сопствено производство на електрични автомобили.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање