Slide

Новитети

Првиот модел на брендот Smart по формирањето на партнерството помеѓу Mercedes и Geely, ќе се вика #1

Slide

Името и дизајнот на новиот модел беа најавени преку Concept #1, кој беше прикажан минатиот септември за време на автомобилскиот саем во Минхен.

17/02/2022

Првиот автомобил на брендот Smart по воспоставувањето на заедничкото вложување помеѓу Mercedes-Benz и Geely, ќе биде именуван како #1. Тој ќе биде првиот во серијата модели преку кои брендот Smart ќе се обиде да се реструктуира како компанија со седиште во Кина, која ќе продава и на европскиот пазар.

Моделот #1 ќе биде лансиран кон крајот на годинава и ќе биде прв во серијата модели со имиња кои ќе имаат хаштаг пред бројката. Производителот објави маскирани фотографии од моделот, кои навестуваат хеџбек со четири врати и впечавлив агресивен дизајн.

Smart најави дека првиот ваков модел ќе биде SUV, но сепак, фотографиите најавуваат поконвенционален хеџбек. 

Хаштаг симболот бил избран од страна на менаџментот, бидејќи асоцира на сетирање трендови во дигиталната ера. 

“Како прв лансиран производ по обновувањето на брендот, #1 совершено ги комбинира електричната технологија и премиум квалитетот”, изјави Даниел Лесков, потпретседател на Smart за глобална продажба и маркетинг.

Името и дизајнот на новиот модел беа најавени преку Concept #1, кој беше прикажан минатиот септември за време на автомобилскиот саем во Минхен. Моделот ќе ја користи платформата SEA (Sustainable Expeience Architecture), развиена од страна на Geely. Модуларната платформа ќе биде користена и за производство на дел од моделите на Volvo Cars (чиј сопственик е токму Geely) и Lync & CO.

Со своите 4.290мм, концептот беше подолг од 3,495мм долгиот Smart ForFour, кој ќе биде заменет од продукциската верзија на #1. Овој модел, во Европа ќе се конкурира со само неколку мали возила во премиум сегментот, вклучувајќи ги DS 3 Crossback, Honda е и Mini Electric.

Брендот Smart најпрво беше лансиран во деведесеттите години од минатиот век од страна на Mercedes, со цел да се развие премиум мини автомобил наменет за европските градови. Првиот модел, подоцна наречен како ForTwo, беше толку мал, што можеше да се паркира попречно во лентата до тротоарот. Помеѓу останатите модели, лансиран беше Roadster, како и моделот ForFour, кој беше резултат на соработката на Mercedes со Renault.

Во меѓувреме беа лансирани и комплетно електрични изведби на ForTwo и ForFour моделите.

Но, брендот Smart уште од самото лансирање испорачува загуби. Според проценките, брендот остварува годишна загуба од околу 700 милиони евра.

Пред две години Mercedes-Benz и Geely, објавија дека Smart ќе продолжи во форма на заедничко вложување помеѓу двете компании, кои инвестираа по нешто помалку од 400 милиони евра во новиот субјект. Geely, кинеска компанија во сопственост на милијардерот Ерик Ли, има и 9.7% сопсвеност во Mercedes.

Двете компании се надеваат дека младите потрошувачи кои живеат во урбаните средини во Кина ќе ги прифатат новите модели и со тоа ќе помогнат за обновување на брендот. Mercedes ќе биде задолжен за дизајнот на моделите, додека Geely ќе се погрижи за производството во фабриката во Чиан, Кина, која има годишен производствен капацитет од 150,000 возила.

Моделите на брендот Smart наменети за Европа беа произведувани во фабрика на Daimler во градот Хамбах, во источна Франција. Но, оваа фабрика беше продадена на британскиот хемиски производител Ineos,  па согласно договорот, моделот Smart ForTwo ќе може таму да се произведува уште само неколку години.

Моделот Smart ForFour, пак, се произведува во фабрика на Renault во Словенија.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди