Skip to content

Вести

Првиот технички „апдејт“ донесе 25 километри поголем досег за Audi e-tron

Новите примероци на Audi e-tron 55 quattro ќе имаат вкупен досег од 436 километри, а инженерите на германскиот производител потенцираат дека ја зголемиле и ефикасноста на системот за сопирање, што ќе заштеди дел од потрошената енергија за оваа цел

01/12/2019

Неодамна Audi го претстави e-tron Sportback како втор член на своето електрично семејство, а сега ја потврди првата официјална софтверска надградба на класичниот e-tron со кој беше и отворено ова поглавје на брендот од Инголштад.

Ако сме навикнати за подобрувањата кај автомобилите да чекаме до првиот фејслифт или барем некоја посериозна промена со нова моделска година, кај електричните модели работите ќе функционираат малку поинаку.

Пример е Audi e-tron кој со првиот технички апдејт (надградба) добива подобрен систем за разладување, подобрени карактеристики на сисемот за регенерирање на енергијата ослободена при користење на сопирачките и поголем досега со едно полнење од 25 километри.

Тоа значи дека новите примероци на Audi e-tron 55 quattro ќе имаат вкупен досег од 436 километри, а инженерите на германскиот производител потенцираат дека ја зголемиле и ефикасноста на системот за сопирање, што ќе заштеди дел од потрошената енергија за оваа цел.

Важно подобрување e-tron добива и во однос на погонот на четири тркала, при што предната оска, односно електро-моторо ќе биде активиран само по потреба, а Audi потенцира дека е зголемен и процентот на искористливост на капацитетот на батеријата.

Европските купувачи во иднина ќе можат да ја купат и почетната изведба e-tron 50 quattro, со која се добива моќност од 230 kW, како и автономија со едно полнење од 336 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend