Slide 1

Вести

PSA Group и Fiat-Chrysler објавија детали за новата заедничка групација

Slide 1

Бордовите на PSA и FCA веќе одобриле да се работи на процесот на спојување со конкретизирање на сите детали, а крајната цел е формирање групација која според годишната продукција (8,7 милиони автомобили) ќе биде четврта најголема во свет

31/10/2019

Откако вчера со кратко соопштение беа потврдени најавите дека PSA Group и Fiat-Chrysler Automobiles преговараат за спојување, односно формирање нова заедничка групација, утринава се објавени и дел од плановите и очекувањата од овој потег.

Очекувано, PSA и FCA ќе располагаат со по 50 проценти од сопствеништвото на новата групација, а двете компании ќе ги здружат силите во подобар и побрз напредок во сегменти како електрификација, дигитализација, автономни автомобили и друго.

Овој потег ќе им овозможи и на брендовите кои се дел од двете групации да ги подобрат своите позиции во сите сегменти во кои настапуваат, а заедничката соработка ќе ги намали трошоците и ќе ги исполни амбициите за влез на одредени пазари каде досега имале послаба позиција.

Бордовите на PSA и FCA веќе одобриле да се работи на процесот на спојување со конкретизирање на сите детали, а крајната цел е формирање групација која според годишната продукција (8,7 милиони автомобили) ќе биде четврта најголема во свет, ќе има финансиски обрт од 170 милијарди и оперативен профит од повеќе од 11 милијарди евра.

Бордот на директори на новиот субјект ќе биде составен од 11 членови, од кои по 5 ќе предложат PSA и FCA, ќе го вклучува и Џон Елкан како претставник на италијанско-американската компанија, додека Карлос Таварес ќе биде член на бордот, но уште поважно и CEO со мандат од пет години.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla