Slide

Вести

PSA и Fiat-Chrysler официјално го потврдија спојувањето во нова компанија

Slide

18/12/2019

Автомобилските групации PSA Groupe и Fiat-Chrysler Automobiles денеска го официјализираа спојувањето, односно формирањето на нов гигант во кој двете страни ќе имаат по половина сопственост.

Овој потег значи формирање на четвртиот најголем субјект во автомобилската индустрија и трет според финансиската вредност, откако годишно двете групации продаваа вкупно 8,7 милиони автомобили и имаа приходи од околу 170 милијарди евра.

Бордот на директори на PSA-FCA ќе биде составен од по пет претставници на двете страни, а првиот мандат како CEO го доби Карлос Таварес, предводникот на PSA Group, кој го добива единаесеттото место во највисокото раководно тело на новата компанија која дополнително ќе го добие своето име.

Со ваквото здружување, FCA ќе добие пристап до модерните платформи на PSA за да ја намали просечната Co2 емисија, додека француската групација ќе има можност за одлична позиција на американскиот пазар каде досега не успеа да се наметне со своите брендови.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила