Вести
PSA и FCA официјално се споија во Stellantis – четвртата најголема групација во индустријата
Главна вест во автомобилската индустрија изминатиов викенд беше официјалното спојување на групациите PSA и FCA во новиот заеднички проект кој ќе го носи името Stellantis.
Вкупно 14 автомобилски брендови ќе ја сочинуваат четвртата најголема групација во светот, откако со поголема продукција сега ќе бидат само VW Group, Toyota и алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi.
Откако двете компании го одобрија спојувањето, тоа е формализирано на 16. јануари, а денеска започнува и тргувањето на берзите во Милано и Париз, за од утре тоа да биде реализирано и во Њујорк.
Двете досегашни групации добија по 50 проценти од акциите, а во првите пет години позицијата CEO ќе ја извршува Карлос Таварес, досегашниот прв човек на PSA Group.