Slider

Вести

PSA најави нова модуларна платформа за електрични модели од Ц и Д сегментот

Slider

Моделите кои ќе го користат ќе може да добијат еден или два електро-мотора, максимална моќност до 340 коњски сили, како и батерија до 100 kWh, со што автономијата ќе се движи меѓу 400 и 650 километри

29/07/2020

Групацијата PSA вчера ги презентираше финансиските резултати за првата половина на 2020 година, при што е истакнат профитот од 595 милиони евра, кој доаѓа и покрај намалената продажба и отежнатото функционирање во периодот во кој темпото го диктираше коронавирусот.

Карлос Тавареш го предводи раководството на PSA и продолжува да испорачува позитивни резултати, а покрај излагањето за финансискиот дел, тој најави и еден значаен чекор во однос на електрификацијата на брендовите од групацијата.

Се работи за платформа eVMP, која ќе биде користена од модели од Ц и Д сегментот со електричен погон, а инаку е унапредена и доразвиена платформа од онаа која што во моментов е познато како EMP2 и го користат повеќе модели од француската група.

Користењето на eVMP ќе донесе можност за поголема моќност и батерии со поголема автономија, а Тавареш најави дека таа ќе дебитира со модел во 2023 година. Француските медиуми претпоставуваат дека тоа ќе биде новата генерација на Peugeot 3008, по што eVMP ќе биде употребен и кај следните новитети.

Моделите кои ќе го користат ќе може да добијат еден или два електро-мотора, максимална моќност до 340 коњски сили, како и батерија до 100 kWh, со што автономијата ќе се движи меѓу 400 и 650 километри. Ова се и главните придобивки и разлики во однос на eCMP платформата која ја користат актуелните електрични изведби од пониските сегменти.

Изведбите со мотор со внатрешно согорување и плаг-ин хибридите ќе користат дериват на платформата кој ќе го носи името VMP.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider