Slider

Вести

PSA пријави профит од 595 милиони евра за првата половина на годината

Slider

Иако продажбата била намалена за 45 проценти и групацијата продала 1.033.000 нови автомобили, првиот човек на PSA, Карлос Тавареш, денеска ја информираше јавноста дека групацијата забележала профит од 595 милиони евра во овој период

28/07/2020

Актуелната 2020 година донесе многу потешкотии и предизвици за автомобилската индустрија, а една од последиците кои е највоочлива е падот на продажбата во периодот кога коронавирусот ги затвори и фабриките и продажните салони.

Но, за разлика од повеќето групации кои пријавија финансиска загуба во првиот дел на годината, PSA Group денеска се пофали со профитабилност во периодот од јануари до јуни.

Иако продажбата била намалена за 45 проценти и групацијата продала 1.033.000 нови автомобили, првиот човек на PSA, Карлос Тавареш, денеска ја информираше јавноста дека групацијата забележала профит од 595 милиони евра во овој период.

– Овој резултат ја покажува отпорноста на нашата групација и тоа како резултат на шест години напорна работа за да ја зголемиме агилноста и да ги неутрализираме нашите слаби точки, – истакнал Тавареш.

Токму Португалецот повторно доби многу комплименти поради начинот на кој ја води групацијата, а самиот истакна дека очекува втората половина на годината да донесе уште подобри вести.

PSA Group во своето портфолио ги има брендовите Peugeot, Citroen, DS и Opel/Vauxhall.

Во денешното излагање, Тавареш потврдил дека здружувањето со FCA во новата компанија Stellantis ќе биде официјализирано во првиот квартал на 2021 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider