Slider

Новитети

Q4 Sportback e-tron е најава за уште еден електричен модел на Audi во 2021 година

Slider

По премиерата на концептот Q4 e-tron на Саемот во Женева минатата година, брендот од Инголштад сега ја претстави купе изведбата на истиот модел, која очекувано ќе ја носи наставката Sportback

07/07/2020

Audi вечерва го претстави концептот Q4 Sportback e-tron, што е најава за уште еден електричен автомобил кој ќе влезе во сериско производство следната 2021 година.

По премиерата на концептот Q4 e-tron на Саемот во Женева минатата година, брендот од Инголштад сега ја претстави купе изведбата на истиот модел, која очекувано ќе ја носи наставката Sportback.

Димензиите на двата модела ќе бидат речиси идентични (должина од 4,6 метри), со тоа што Q4 Sportback e-tron е еден сантиметар подолг и понизок, а исто е и меѓуоскиното растојание (2,77 метри).

Audi ја користи MEB платформата за новите електрични SUV модели, а погонот на четири тркала подразбира два електро-мотора со вкупна моќност од 225 kW, додека автономијата со помош на 82 kWh батеријата ќе изнесува 450 километри. Изведбите со погон на задни тркала ќе понудат автономија со едно полнење и од 500 километри.

Во ентериерот нема изненадувања, идентично како кај веќе претставениот Q4 e-tron и Sportback изведбата ќе добие дигитален кокпит, 12,3-инчен централен екран и хед-ап проекција со виртуелна реалност.

Заедно со e-tron и e-tron Sportback кои веќе се во продажба, Audi до следната година најави седум електрични автомобили, а планира бројката да стигне до дваесет модели до 2025 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider