Slider

Стории

Рачната паркирна сопирачка полека заминува во историјата

Slider

Истражувањето на британска територија открило дека брендовите Volvo, DS, Alfa Romeo, Honda, Jaguar, Land Rover, Lexus, Mercedes, Porsche и Volvo воопшто не нудат опција со рачна паркирна сопирачка

29/09/2020

Поврзаноста на возачот со рачната паркирна сопирачка датира уште од првиот контакт со автомобилот, процесот на учење и добивање возачка дозвола, а чувството на нејзино активирање е посебна емоција која тешко може да се објасни.

Но, еволуцијата во технологијата и воопшто автомобилската индустрија ја претвори класичната паркирна сопирачка во загрозен вид и прашање на време е кога таа комплетно ќе исчезне од автомобилите.

Истражувањето направено на британскиот пазар покажало дека во 2020 година, само 24 проценти од купените автомобили биле со рачна сопирачка, што е намалување во однос на 30 проценти забележани во текот на минатата година.

Голем број популарни модели како Peugeot 208, Nissan Juke и BMW 1 Series целосно ја исфрлиле од понудата, а само Dacia е мас производител кој се уште ја нуди кај секој свој модел.

Замената секако е електричната паркирна сопирачка која ослободува многу повеќе простор на централната конзола, а на возачот му овозможува со една команда да го прицврсти автомобилот на подлогата.

Истражувањето на британска територија открило дека брендовите Volvo, DS, Alfa Romeo, Honda, Jaguar, Land Rover, Lexus, Mercedes, Porsche и Volvo воопшто не нудат опција со рачна паркирна сопирачка.

– Очигледно е дека на мануелната паркирна сопирачка и останаа уште неколку години, а голем дел од производителите веќе ја исфрлија од понудата изминатава година.

– Очекуваме нејзината употреба драстично да опаѓа и веројатно може да биде задржана кај одредени мини и спортски автомобили, – вели Крис Кнапман од „Каргурус“, кој го реализираше истражувањето.

Електричната паркирна сопирачка до пред некоја година беше дел само од полуксузните автомобили, но нејзините функционални предности ги натераа производителите да ја вклучуваат масовно во понудата. Кај најголем дел од изведбите таа автоматски се деактивира при тргнување, а овозможува и подобар изглед и повеќе простор за предмети на централната конзола.

Пред неколку месеци, гигантот ZF ја најави електричната паркирна сопирачка поврзана со предната оска, што овозможува дополнително проширување на нејзината употреба и кај најмалите автомобили во понудата.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider