Вести
Раѓање на Born: Главниот дизајнер го најави првиот електричен автомобил на Cupra
Шпанскиот бренд Cupra ја закажа премиерата на својот прв електричен модел Born за 25. мај, а една недела претходно добивме интересни дизајнерски детали како загревање за официјалното претставување на автомобилот.
Познат како El Born кога беше најавен со концепт, овој модел ќе го загуби „El“ делот од името, а ќе отвори ново поглавје за Cupra, која ќе добие нов самостоен, но и прв електричен модел во својата кратка историја како издвоен бренд од основачот Seat.
Дизајнерот Хорхе Диаз го предводел процесот на комплетирање на надворешниот изглед, кој ги задржува веќе претставените детали со концептот, а издвои неколку интересни решенија кои се поврзани со повлечените линии на екстериерот.
– Една од најважните мисии на дизајнерите е да пренесуваме емоции преку автомобилите. Електричните автомобили не треба да бидат досадни, а Cupra Born е доказ за тоа. Кога луѓето ќе го видат на улица, ќе сакаат да го возат, а тоа е најдобра награда за нашата работа, – вели Диаз.
Предводникот на дизајнерскиот тим истакнува дека Born е инспириран од Барселона и тоа се забележува и во изборот на материјали, текстури и светлосен амбиент во ентериерот, а предниот дел на автомобилот ги истакнува неговите динамични и поспортски претензии.
– Профилот на предните светла се идентификуваат со човечко лице, па затоа ги закосивме повеќе од вообичаеното за да го истакнеме карактерот на оние што знаат што сакаат и инсистираат да го добијат тоа. Карактерот е дополнително надграден со нискиот отвор за воздух на долниот преден дел, со што автомобилот е блиску до асфалтот, – вели Диаз.
Cupra Born ја користи MEB платформата и технички е најблиску до Volkswagen ID.3, со тоа што дизајнерите на шпанскиот бренд се погрижија за целосно поинаков пристап и изглед на овој автомобил.
Повеќе содржини за електрични автомобили: