Slide

Вести

Раиконен и Џовинаци ја тестираа моќната Alfa Romeo Giulia GTA (Видео)

Slide

20/10/2020

Кими Раиконен и Антонио Џовинаци беа поканети во тест центарот Балоко, каде Alfa Romeo ги развива своите спортски автомобили со децении наназад, а причината се вика Alfa Romeo Giulia GTA и GTAm.

Тандемот од Формула 1 тимот на Алфа Ромео соработуваше со инженерите на италијанскиот бренд, а со цел контрола на предвидениот сетап за најмоќните изведби на Giulia, како и добивање фидбек од Ф1 возачите за карактеристиките и управливоста на автомобилите.

Џовинаци се фокусирал и на карбон-фибер елементите за кои е задолжен партнерот Заубер, додека главна задача на Раиконен беше соработка со инженерите на Alfa Romeo задолжени за аеродинамичностa.

Адаптивниот сплитер на предниот дел и адаптивното крило на задниот дел се дел од специјалитетите на моќниот спортист, а според Раиконен автомобилот нуди одличан баланс меѓу секојдневната употреба и возењето на патека.

Alfa Romeo за Giulia GTA и GTAm го користи искуството на Sauber во моторспортот, посебно акцентирајќи го придонесот на својот швајцарски партнер во однос на аеродинамиката и користењето на карбон-фибер елементите.

Giulia GTA/GTAm ќе биде продадена во ограничен број примероци, основа на моделите е Giulia Quadrifoglio, a 2.9-литарскиот мотор обезбедува 540 коњски сили.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба