Slider

Вести

Range Rover доби специјална серија за одбележување на 50. роденден

Slider

Range Rover Fifty едицијата ќе биде произведена во 1.970 примероци, означувајќи ја годината на премиерата на моделот, а SVO одделот на JLR подготви дополнителни елементи на екстериерот и ентериерот, па дури и можност да се изберат три бои кои биле во понудата на првата генерација

17/06/2020

Land Rover реши во 1970 година да го промовира својот прв луксузен теренец кој го доби името Range Rover, a тој модел сега зад себе има пет успешни децении и проширено семејство со модели кои ја следат неговата филозофија.

Одбележувањето на 50. роденден на Range Rover е добра можност за потсетување на успесите и еволуцијата на големиот и луксузен SUV кој поседува сериозни оф-роуд квалитети, а за дел од најголемите фанови на брендот ќе биде можност и да се дојде до примерок од специјална серија со автомобили во ограничен број.

Range Rover Fifty едицијата ќе биде произведена во 1.970 примероци, означувајќи ја годината на премиерата на моделот, а SVO одделот на JLR подготви дополнителни елементи на екстериерот и ентериерот, па дури и можност да се изберат три бои кои биле во понудата на првата генерација.

Првата генерација на Range Rover била активна до 1976 година и подразбирала автомобил со две врати, но подоцна понудата е проширена со изведба со четири врати.

Годините и децениите кои следувале се одбележани со иновативни технологии кои Range Rover прв ги претставува во SUV сегментот (4×4 погон, ABS, ETC, автоматска воздушна суспензија, алуминиумска конструкција и друго), притоа британскиот бренд постојано ги поместуваше стандардите во однос на луксузниот амбиент во кабината и комфорот за патниците.

Класичниот Range Rover останува знаменосец на подбрендот на Land Rover, но неговите успеси придонесоа семејството да биде проширено со Range Rover Sport, Range Rover Velar и Range Rover Evoque.

Повеќе содржини за Land Rover

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider