Новитети
Range Rover Evoque доби Autobiography изведба и помоќни дизели со 48V технологија
RR Evoque ќе добие 48V технологија, што значи дека почетните дизел изведби ќе бидат благи хибриди, а притоа добиваат и поголема моќност. Во иднина купувачите ќе бираат меѓу изведби со 165 и 200 коњски сили, а MHEV технологијата ќе има свое позитивно влијание врз автомобилите
Откако неодамна понудата на Range Rover Evoque беше засилена со плаг-ин хибрид изведба, британскиот бренд направи дополнителни надградби за новата моделска година.
Во иднина и Evoque ќе добие луксузна Autobiography изведба, која ќе го понуди најдоброто од Range Rover во однос на уредувањето на ентериерот и истакнување на петдецениската традиција во сегментот на луксузни SUV модели, а дополнително истакнатото внимание на секој елемент на ентериерот е надополнето со детали во бакарна боја.
Купувачите на плаг-ин хибридниот Evoque со ознака P300e ќе може да ја изберат и специјалната едиција Lafayette, чија инспирација се њујоршките квартови познати по продавниците со модни брендови.
RR Evoque ќе добие 48V технологија, што значи дека почетните дизел изведби ќе бидат благи хибриди, а притоа добиваат и поголема моќност. Во иднина купувачите ќе бираат меѓу изведби со 165 и 200 коњски сили, а MHEV технологијата ќе има свое позитивно влијание врз автомобилите.
Уште еден новитет кај Evoque е новата најдостапна верзија, која подразбира 1.5-литарски бензински мотор со три цилиндри, поврзана со осум-степена автоматска трансмисија и на располагање има 160 коњски сили и вртежен момент од 260 Nm.
Технолошкиот напредок е обезбеден и со достапноста на Pivi и Pivi Pro инфо-забавните системи, што значи најнапредна опција во понудата на Land Rover, a покрај Bluetooth поврзувањето со два телефона одеднаш, на располагање се вграден Spotify, онлајн надградување на софтверот, безжично полнење на телефон, како и најнова генерација на отклучување на автомобилот и активирање на моторот без употреба на клучот.